Затоа

Зошто spaceman?
Од повеќе причини.

Како прво и основно, не потекнувам од земјата. Како второ малку ми е глупо да се нарекувам себе си вонземјанин која не сум воземјанин. Впрочем било кое суштество кога е на земјата (иако не потекнува од неа) не е вонземја туку е на земја. Епа зошто англиски збор. Незнам. Глупо ми звучи вселенски човек, плус многу повеќе букви има, а јас сум прилично мрзелив, како што го нарекувате вие земјаните тоа. Она другото Alien Life Form отпадна уште веднаш, затоа што не сакам да бидам форма ниту пак сакам да ми се обраќа некој како кон форма.

Многу чудна раса сте. Чекате да слетаат вонземјани, а се плашите од сите непознати летала и истите ги рушите сметајќи ги за шпионски. Освен тоа зарем стварно мислите дека супер интелегентна раса ќе користи радио бранови за своите меѓупланетарни разговори? Замисли само, супер интелегентна, супер технолошки развиена раса, знам, дека не користат радио бранови. Замисли само меѓупланетарен разговор каде што звукот патува со радио бранови, што значи доцни по неколку минути. Епа верувајте, за меѓупланетарни разговори супер развиени раси не користат заостанати (човечки) методи.

Луѓето ги наоѓам за одвратни, грозни, превртливи, зли, и нормално приглупи. На земјата научив за омразата. И ве замразев. Мразам луѓе. Со чесни исклучоци. Поточно без исклучоци. Кевин Смит го сакам ама тој е вонземјанин. Ганди го сакам ама и тој е вонземјанин. Исус го сакам, ама и тој е вонземјанин (за овој последниов знам дека гробот му бил празен затоа што бил транспортиртан на матичниот брод кој пристигнал веднаш кога дознал што се случило, а бил пратен како истражувач и подучувач на човечката раса. Ви звучи неверојатно знам. Меѓутоа многу пологично е. Барем од вашата Библија (која треба да се познава како прв плагијат во историјата). Куранот не ништо друго туку уште еден, овојпат понов, плагијат.

Друго нешто што ме зачудува на оваа планета е обичајот (ваљда обичај е) да се пакуваат работите. Дури и хартијата се пакува со друга хартија.

Оние парчиња хартија за кои рмбате цел месец, а не ви стигаат ниту за една недела, е тие се нешто што морам да забележам ве држи во пополна контрола. Дури одите дотаму што нивното воведување го означивате како почеток на нова ера. Убаво. Само од тогаш многу време поминало. А вие не сте мрднале од место. Само го менувате името на вашите угнетувачи. Од племенски старешени, буржоазија, аристократија, капиталисти, комунисти. Поточно 10000 со кеш и останатите (на земјата 10,000 луѓе имаат повеќе капитал од остатокот население) офци. Колку само праведно општество, колку само прекрасна религија.

Низ Лондон монтираат камери. Не е важно зошто се поставени. Важно е зошто ќе се користат. Луѓето сакаат моќ. Не е тешко за да се дознае зошто ќе се користат. Луѓето сакаат моќ. Луѓето со моќ сакаат контрола. Луѓето без моќ сакаат контрола. Затоа што се плашат. Вашата глупост најдобро ја Опишал Сед М. во Civilization. Ако нема полиција/војска во градот веднаш населението се буни. Сакаме воена заштита. Баравте-гледајте.

Жално е што има луѓе кои се обидуваат да ви кажат дека живеете во Матрикс, ама вие гледате само ефекти. И продолжувате да бидете роботи. Батерии кои ги цедат.

Плутон изгласаа да не биде планета. Изгласаа. Научно. Утре можеби ќе изгласаат 2+2 да биде 5.
Како прво и основно нека дефинираат планета? Што ја прави планетата планета?
Ако има живот? Тогаш само земјата е планета.
Ако е голема. Што со тоа? Што е ако е голема ама нема живот, а што ако е доволно мала за да не биде планета, а има живот, микроорганизми, бактерии, вируси, било што. Впрочем за живот доволен е еден поголем камен. Што правиме со тие планети кои се мали за да бидат планети а имаат живот? Или ќе гласаат кога ќе ги откријат.

И зошто толку уверени дека ова вашево сонце е ѕвезда џуџе? Впрочем колку сонца сте истражиле? Колку џуџести сонца не сте виделе? Нормално е кога имате инструменти што можат да ги видат само најголемите ѕвезди - да ги гледате само најголемите. Впрочем сјајот на милијарда ѕвезди (сонца) големи колку плутон неможете да го приметите. Но тоа што не го гледате не значи дека не постои.

Глупи се луѓето.

Зошто spaceman?
Од повеќе причини.

Tags: , , , , , , , , , , ,

Нема Одговор

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL