Wordpress врска нема
Wordpress за неполн месец успеа два пати да ми создаде главоболки. Еве сега приметив дека е зезнато RSS-то, зошто појма немам ама го прегледав кодот и проблемот дефинитивно не е во кодот туку во базата. Инсталирав посебна скрипта RSSBuilder која изгради независен фид од оној на wordpress и повторно енкодингот на базата е комплетно сјебан. Како, зошто, незнам ама знам дека со бекап на базата проблемот не се решава.
Стариот блог воопшто не правеше вакви проблеми, впрочем во неколку години користење ниту еднаш немав проблеми со ниту еден дел од сајтот.
Сега размислувам да се префрлам на стариот, добар, проверен систем.
Успеав за неполн саат да ја симнам и поставам најновата верзија, да ја апдејтувам базата и резултатот е на: spaceman.zborovi.info.
Плагинови сеуште нема ама доколку се решам да го баталам wordpress тогаш ќе ги инсталирам сите потребни. Има само 155 за разлика од илијадниците на wordpress ама ги има сите потребни, плус не се повторуваат, сите се проверени и работат, а ионака голем дел од плагиновите на wp се дупликати или се додатоци за сосема непотребни опции како што се adsense, или гугл аналитикс, за кои во суштина не треба додаток туку само копи-пејст на код во теплејтот на местото каде што сакате да се покажува. Нема ниту толку многу скинови меѓутоа ионака ќе направам некој свој скин, со модификација на некој веќе постоечки (зошто да почнувам од нула кога може да модифицирам веќе постоечки скин).
Без додатоци има форум, отценување на постови, коментари, одлична архива, потоа има зачленување (не е неопходно), приватни пораки, потоа персонален простор за датотеки (за членовите да може да аплоадират видео, архиви, слики и сл.) кој моментално е поставен на 1 МБ меѓутоа може да се подеси на било која вредност. Има бројач на кликови, статистика и еден куп други опции достапни во контролниот панел кој дефинитивно е 10 пати подобар и понапреден од оној на wordpress.
Порталот, поточно website engine како што го нарекуваат креаторите може да го симнете на Neocrome.net.
Tags: wordpress






Нема Одговор
Одговори на овој пост: