Вируси

Кој вика дека вирусите неможат да го оштетат харверот?
Добро, знам дека до денес нема таков вирус но тоа не значи дека утре нема да има.

Незнам колку знаете ама порано оверклокирање на процесори беше можно само преку џампери, а потоа и преку биос. Но се појави еден генијален јапанец и направи програм, кој тежеше не цел мега, подржуваше шестотини плус плочи, и можеше во реално време, без ресетирања, чепкања по биос или џампери, да го оверклокира процесорот. Сега веќе секој произведувач на плочи има таков софтвер но ретко кој е помал од еден мега, а сепак се ограничени само на еден произведувач нели.

Е сега, замислтете вирус кој може да го оверклокира процесорот. И тоа со зголемување на напонот, што пак не може да се нарече оверклокирање затоа што, нели, clock-от на процесорот не се менува. И процесорот ќе рикне. Да знам. Ќе речете, така вирусот треба да голем еден мега. Но не. Доволно е вирусот да биде десетина кила, со тоа што ќе ја искористи интернет конекцијата за да симне подршка за плочата на која се наоѓа, и потоа да го зголеми напонот.

Ете хардверски штетен вирус.

И еден ден ќе бидне и тоа.

Tags: , , ,

Нема Одговор

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL