Викса

Нашиот „ценет“ радио, а сега и телевизиски водител освен што не знае да говори македонски, и освен тоа што мисли дека про-српскиот говор е кул, да ти бил и обичен преварант и лажго.

Имено го слушнав на ТВ како човекот си зема кредит за фраза која наводно тој ја измислил. Станува збор за она „Да поминам да те земам, или да земам да те поминам.“ И така Викса јавно кажува дека тој ја измилил, а вистината е дека авторот е непознат, вистината е дека јас ја знам таа порака уште неколку години пред Виска прв пат да ја употреби. Вистината е дека таа порака во Скопје ја донесов јас, а ја научив во еден друг македонски град каде што своевремено беше хит СМС порака.

И неколку години подоцна Виска ја кажа на радио, а потоа неколку години подоцна излегува на ТВ и јавно без перде и срам лаже дека тој ја измислил.

Виска, а да идеме у тој град, да им се испофалиш у лице као ти си смислил фраза која они ја знаеле уште коа си бил прваче. (напишано на про-српски за да ме разбере дотичниот). Не за друго, туку градот е полн мајтапџии кои едвај чекаат некоја жртва за да си тераат мајтап.

Tags: ,

Нема Одговор

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL