Комбинација од букви, зборови и интерпукциски знаци, кратко кажано, текст

Ние не сме анѓели беше на времето одличен филм, за потоа да се појави вториот дел кој беше повеќе налик на америчка романтична комедија, и еве сега пред некое време се појави и третиот дел, кој е доста поразличен од првите два, со тоа што е подобар од вториот, послаб од првиот, наликува, да не кажам е, мјузикл, со тапа приказна и со обид да го едуцира српскиот турбо фолкерски народ (значи 98% од србите). Ние не сме анѓели 3 се обидува да ја прикаже турбо музиката во своето вистинско светло, да не кажам темница.

Србите дефинитивно, заедно со татарите, се турбо-фолк нација. И тоа каква турбо-фолк нација. Во споредба со нив ние сме…

Па ние сме многу повеќе од нив на поле на културата. Музиката ни лежи, доказ за тоа се најдобриот гитарист и тапанар во Источна Европа, и пошироко, еден од најдобрите пијанисти, со децении најдобри гајдаџии, каваџии, најдобрата египетска (циганска) пејачка, еден од најдобрите саксофонисти, најдобриот бас гитариста, најдобар бенд. И не зборам за шит музика што се врти на MTV, MTV Adria, туку за уметност, мислам едно е Кристина Агилера, друго е Ванеса Мае, едно е Стинг, сосема друго е Жан Мишел Жар.

Филмови правевме добри ама денес, за жал, тешко. Најверојатно со државата (СДСМ како највлијателна партија во Македонија, според времето поминато на фотеља) ни се искорумпира и културата. И така во денешно време типки као Теона Митевска си играат режисер. Хах. Дефинитивно можам да направам подобар филм од оние на Теона, и тоа многу, многу подобар. И дефинитивно во стил на најдобриот македонски филм некогаш направен. Филм во македонски дух, комичен, трагичен. Тетовирање. Зарем македонците не се такви? Зарем не се познати во светот како весел народ? Па зошто тогаш поѓаволите филмови кои нималку не се во македонски дух? Но не е само тоа. Ние како држава веќе не произведуваме филмови кои се бават со суштински општествени проблеми. Дали е тивка цензура во прашање или е нешто сосема друго тоа не знам, иако најверојатно ќе се согласам дека нешто е цензура, а нешто е сосема друго. Повеќето дела се спонзорирани од Министерството за Култура што уште веднаш може да се поврзе со цензура, затоа што според Орвел името Министрество за Култура, означува место каде што се ништи културата. Зошто мислам така, кога еве повеќето нови филмови се бават со социјални и општествени проблеми ќе речете. Знам, има филм за образованието, тапа драма која не е баш како што одговара, и имаме неколку албанско-македоски драми. Но чекајте да ве запрашам нешто, ако во вашиот дом има проблеми тогаш кој е крив? Комшиите? Албанците? Не. Криви сте вие господа. Затоа и Тетовирање е единствен филм што сериозно се занимава со општествено-социјалните збиднувања во една држава. Време било на социјализмот, на социјалистичка партија, кои се однесувале баш онака како што е прикажано во Тетовирање. Дефинитивно луѓето кога го правеле знаеле по кого треба да серат. Знаеле и дека мајтапот е една од побитните македонски одлики и го направиле мајтапџиски, но знаеле и дека на ова парче земја секогаш трагедии се случувале и го направиле трагичен. Сеќавање на едно убиство, е на пример, понов корејски филм (2004) со слична тематика но многу полошо направен од Тетовирање кој своевремено бил 20 години пред времето.

Што се случи со Прва Партизанска Продукција? Освен што имаа добар филм, направија една од најдобрите документарни серии, ако не и најдобрата некогаш направена на балканот. Досие Скопје.

Ме зачудува овој народ, ме чуди тоа што покрај тоа што се претежно глупи овци, ме чуди и покрај тоа што се една шака народ, имаат толку многу дејци од културата, па и од науката. Ме чуди како тоа секоја години на најбитните саеми за научни откритија меѓу наградуваните се македонци, а во последниве 10 години имаме земено и две нагдади за најдобар изум, неколку втори места и неколку трети места. Дефинитивно според жителство сме први, и тоа доминантно први според бројот на награди за научни откритија. Дефинитивно некои држави ќе беа мошне загрижени ако имавме територија колку што сме имале пред некои сто години.

Ќе рече некој, што народ бевме за све не бива.
Па донекаде може да се каже и дека е така. Што поѓаволите ќе кажеш за типац, механичар со средно кој прави кола без издувни гасови, без ауспух, и од материјални причини тоа го прави на дваесет годишен крш од Русија, загадувач од значителни размери, наречен Лада.

Така да на поле на култура и наука солидни сме биле иако културата ни е загрозена, но културата и во социјализмот беше загрозена па опстана, така да.

За турбо фолкот ми беше муабетот. Пред 20-15 години турбо фолк немаше многу. На Радио и ТВ немаше ниту многу странска музика но затоа имаше бендови, пејачи и сл. кои повеќе пееја и свиреа поп и рок. Епа србите деволуираа во турбо, со нив и татарите, додека ние, хрватите и босанците си останавме на поп, и рок, со тоа што кај нас и турбо фолкот е доста присутен, во алармантни количини може да се каже. Најдобриот (општопознат) во музиката, како ли се викаше, врска нема од уметност, прави лесни песнички за Ламбе, Елена, нананајки, тралалајки. Далеку од најдобар, за музика за кеш може најдобар ама за уметност тешка работа. Ниту У од уметност, но најверојатно си знае и тој, впрочем сигурно определба не би му била таа што му е ако не знае. Но едно нешто не знаат многу луѓе. 2006 музичар што заработил највеќе кеш не е Мадона, U2, или некоја популарна ѕвезда. Не. Прва на листата е Ванеса Мае. Што значи дека уметноста сепак се исплати повеќе од комерцијалата, со тоа што многу потешко е секако, затоа што за да успееш на комерцијален план во уметност треба да си гение (или да работиш за власта), а генијални уметници не се наоѓаат толку лесно како пар згодни доста раголени девојки на кои ќе им закачиш сочно име како Пуси Кат Долс.

Ама полошо нешто од македонец со моќ нема. 15 години транзиција се доказ. 15 години во кои се распродаде и се украде се што можеше.

Новава влада ми е симпатична и само поради тоа не сум ги пцуел до сега, впрочем ги гледам нешто како последна шанса за оваа држава, па се надевам нема да усерат.

Едно нешто е сигурно. На оваа држава не и треба јавен обвинител. И требаат јавни обвинители, затоа што дефинитивно има многу работа.

Tags: , , , , , , , , , , , , ,

Нема Одговор

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL