Posts Tagged книги

Discworld

Discworld е серијал од книги напишани од Тери Пратчет кои се страшно комични, а припаѓаат во жанрот фантазија. Дејствието секогаш се одвива на Discworld односно магичен свет кој всушност е рамна плоча која ја носат 4 слонови кои пак стојат на голема желка. Идејата секако е од црковната приказна за земјата која е плоча и [...]

Изгубени во преводот

Многу пати сум повторил и еве сега ќе повторам пак: „Научната фантастика како литература (зборам за онаа подобрата) ја опишува денешницата, поточно времето во кое е напишана.“ Најголемата грешка на луѓето е тоа што ја гледаат како фантазија.
Еве неколку реченици од предговорот на една научно фантастична книга:
„Предвидување не е работа на писателите. Тие не предвидуваат. [...]

Автори, книги и слично

За Артур Кларк и Исак Асимов веќе пишував но еве некој збор повторно за нив и за уште некој.
Нормално е секој автор да си има свои видувања за НФ жанрот. Исак Асимов е најголем фанатик, кој презира се што не е НФ, додека Урсула Легвин е сосема спротивно. Урсула Легвин впрочем почнала да пишува НФ [...]

Речник

Другар – Некој од кој можеш да позајмиш пари и никогаш да не ги вратиш.
Мито – Машко име, обично се дава на луѓе кои нудат пари за секс со Корупција.
Корупција – Женско име, види Мито.
Џип – Фабрика која е најпозната по своите теренски возила, толку позната што во Македонија сите теренски возила ги викаат џипови [...]

Слава

Славата е фатална болест. Ќе ве заебе повеќе него вашите мама и тато. Некаде таму пред крајот на дваесетиот век потерата по слава стана животен стил. Наеднаш сите сакаа да бидат славни. Известувачи, новинари, метеоролози, астролози, кувари, лекари стажисти, дури и адвокатите, за име божје, сите поблесавеа пробувајќи да се дограбат до своите петнаесет минути [...]