Posts Tagged грција

Македонија

Најновиот предлог - Северна Македонија.
„Ситни“ промени во уставот, преименување на македонците во северно-македонци.
Нови пасоши, лични карти, Фудбалска Федерација на Северна Македонија, натпревар Шкотска - Северна Македонија, навивачите малубројни северно македонци.
Озборувања, муабети, шпекулации, дури и реферндум на основа на шпекулации.
Јас како МАКЕДОНЕЦ барам да знам што точно е понудено и за што ние мислиме да правиме [...]

Протест

Секој ден слушам грците протестираат за ова, за она, се нешто протестираат кога сме ние во прашање.
А што правиме ние? Ние за ништо не протестираме, а имаме далеку повеќе причини за протестирање. Можеме да протестираме за Rainbow, можеме да протестираме за односот на грците кон македонците што живеат во грција.
Можеме да протестираме ама не протестираме. [...]

Македонија, низ 4 очи

Четири текста во саботното издание на Дневник буквално ја урнаа медиумската блокада во средствата за јавно мислење.
Нека ми извинат авторите и Дневник за овој безобразен копи-пејст ама сметам дека ова треба да го прочита секој, а ако има само еден човек што ќе го прочита ова на овој блог тогаш овој копи-пејст се исплател.
Искрено, Дневник [...]

Шпиц

Шпиц, бесплатно потуркување на нечија агенда.
Да го цитирам Героски: „Ах, да, се сетив, имам кому да пријавам! Се сетив на моите колеги и пријатели интелектуралци, кои мислат различно од мене и кои во „Шпиц“ слободно и нецензурирано го изразуваат своето мислење, а ваму молчат за овој духовен терор каков што не сме виделе од ерата [...]

Брза кучка, слепи кучиња раѓа

Народни поговорки, народни мудрости, и тоа не скопски туку македонски.
Така, ако брзаме за влез во НАТО и прифаќаме разно-разни придавки ќе ни излезат кучињата (т.е. државата) слепи. А се си мислам дека остатокот од Македонија што не е Скопје не би сакал да се вика Скопје.
Трпение-спасение би била уште една македонска (а не скопска) поговорка [...]