Го читам Героски во еден наш дневен весник и повторно ме запрепастува неговата (не)логика. Човекот дефинитивно не размислува додека пишува, прашање е само дали некогаш размислува. Најверојатно не.
Како поинаку да ја објаснам оваа неговаа последна колумна (потпишана на крај со гордото: „авторот е уредник на Сега“ - како тоа да е за пофалба). Човекот почнува [...]
Имајте во предвид дека овие се само од еден коментар на Героски напишан на кајмакот.
Прво, во Букурешт немаше вето.
Ова е добро. Немало вето?
http://news.bbc.co.uk/2/hi/europe/7326017.stm
Ако во гугл отипкате “greece veto macedonia” добивате 138000 резултати.
Ни Грција ниту било кој во светот (најмалку Нимиц) не се занимава со прашањето на нашиот идентитет.
Ова е уште подобро.
Грците не не викаат скопјани. [...]
Шпиц, бесплатно потуркување на нечија агенда.
Да го цитирам Героски: „Ах, да, се сетив, имам кому да пријавам! Се сетив на моите колеги и пријатели интелектуралци, кои мислат различно од мене и кои во „Шпиц“ слободно и нецензурирано го изразуваат своето мислење, а ваму молчат за овој духовен терор каков што не сме виделе од ерата [...]