Слава

Славата е фатална болест. Ќе ве заебе повеќе него вашите мама и тато. Некаде таму пред крајот на дваесетиот век потерата по слава стана животен стил. Наеднаш сите сакаа да бидат славни. Известувачи, новинари, метеоролози, астролози, кувари, лекари стажисти, дури и адвокатите, за име божје, сите поблесавеа пробувајќи да се дограбат до своите петнаесет минути слава која им ја вети поп филозофијата на Енди Ворхол. Го замени задгробниот живот како најголема илузија на човештвото. Слава! Ќе живееш вечно. Слава! Шанса да им се одмаздиш на родителите. Слава! Пробајте го ова, вие ништожни клинци кои бевте толку сурови кон мене во школо. Слава! Шанса да се прикачиш себе си за лицето на историјата.

Слава, слава, слава, слава, слава.

Тој сифилис на душата беше, се разбира, последица на доаѓањето на телевизијата и инстант вниманието на новите мас-медиуми. Доколку медиумот беше порака, тогаш пораката беше срање, зошто ТВ екраните беа од урто до мрак без престан полни со дваесетчетиричасновно срање. Никој не беше поштеден. Ни претседатели, ни принцови, ни папата, ниту претставниците на народот. Гаќите долу, соблекувај го шорцот, одиме во живо право на тебе за десет, девет, осум… Бакни па кажи, бакни па продади, продади, продади. Интима? Приватност? Заборави. Озогласеност? Срамота? Нема тоа. Слава. Тоа е името на играта. Приватниот живот е исперен со плимскиот бран на слободата на говорот. Не беше битно дали си славен затоа што си го убил председателот или си измислил нова врста на пудинг, сега славата беше во состојба да патува со брзина на светлината и сите сакаа макар еден добар залак во светот на славата.

Никој не се сеќава на името на типот кој ја започна Првата светска војна така што го уби надвојводата во Сараево 1914. Сите се сеќаваат на Ли Харви Освалд. Слава! Одалечена од тебе за само еден истрел од пушка. Под услов да имаш телевизија. Слава, интелектуален еквивалент на мавтање кон камерата. „Види ме, мамо! Овде сум. Вистински сум. На ТВ сум.“ Тажно, болно и вредно за сожалување. Сакам да кажам, во тек на 1990-ите дури и агентите станаа славни, Исусе. А како ги викаме славните? Ѕвезди! Сакам да кажам, ехеј. Зар немаме чуство за иронија? Погледнете горе – погледнете горе на вистинските ѕвезди. Ги има милијарди. Милијарди и милијарди гревчиња. Зар не сфаќаме? Нема слава. Не постои бесмртност. Нема живот после смртта.

Извадок од романот “The Road to Mars” - Eric Idle

Tags: , , , , ,

Нема Одговор

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL