Rapidshare.com
Најголемиот сајт за хостирање на датотеки www.RapidShare.com се реши на радикални промени. Во ред тоа што го сменија изгледот воопшто не ми пречи меѓутоа новиот начин на верификација на карактерите од сликите е крајно неупотреблив. Веќе 10 пати се обидувам да симнам една датотека безуспешно. Имено од дадени 6 карактери треба да ги впишам само оние 4 на кои виси мачка меѓутоа квалитетот на мачките е толку прецизен што воопшто не се разликува од куче, зајак или било кое друго животно па ретко кој може да го погоди кодот од прва, а најчесто нема ни да успее да го погоди. Секако, ова го гледам како начин да се обезбедат повеќе претплатници што воопшто не ми се допаѓа, особено поради начинот на кој сакаат да го постигнат.
Ма какви мачки, ионака оддамна зборам дека торент е многу подобар.
Tags: rapidshare






Нема Одговор
Одговори на овој пост: