Проект Култура
Има едно место во Скопје со многу културен потенцијал но за жал (како и многу работи во државава) стои така, повеќе како споменик отколку како место на културата. До душа во последниве години почна да привлекува внимание. Како и се во Македонија погрешно внимание. Зборам за Школка, во Градски Парк. Бина под отворено небо. Обична бина која крие енормно голем потенцијал доколку е во вистински раце.
Како?
Не е тешко, а изненадувачи е многу ефтино. Создаваш култура за малку пари. Сон за секој град, би рекол. Се што треба е Министерството за образование да им нареди на основните и средните школи, па зошто не и универзитетите, да воведат задолжиетлни ликовна, музичка, литературна, драмска, и други секции. Во секое школо ќе се најдат 4 сликари, 4 музичари, 4 автори, 4 глумци, 4 спортисти, 4 поети. Откако тие ќе се воведат треба само да се направат меѓу училишни натпревари, кои веќе ги има по некои предмети (математика и некои спортови). За многу од овие натпревари не треба ниту да се патува, цртежи, песни, раскази, може да се праќаат по еПошта, бесплатно.
Како би фунцинорало? Избери 20 најдобри песни (поезија), најдобар раскази, најдобри 100 цртежи, најдобри скулптури, најдобри играорци, најдобри танчери, најдобри музичари, најдобра театарска претстава, најдобро од секоја расмка на уметноста што може да ја замислите. Има материјал тука за неколку дена програма. Еден ден може 3-4 театарски претстави да има. Втор ден концерти, Трет ден читање поезија, музика, танц и изложба на слики. Четврти, петти, шестти ден истото, само за средните училишта, потоа 3 дена за факултетите. 9 дена програма само од училиштата, а ако се размислува подолго на оваа тема, или се презентира повеќе од се може да се стигне до 15-20 денови програма. А ако веќе сакаме сите во светот да го знаат Скопје зошто не ги изложиме сите наши млади уметници. Има многу школи. Има материјал за целогодишна програма. Секој добар ден во Скопје на Школка има нешто. И не само нешто. Културен спектакл од младината на Македонија. Вистински вредности, онакви какви што требаат. Мотивација на културните вредности. Мотивација на нашите идни уметници. За да биде уште подобро може и книга да се издава од проза и поезија, книга од слики, фигури и друга визулена уметност, албум од песни…
Кој да го организира? Владата, градот, школите, сите. Скопски Џез Фестивал вреди многу повеќе (во пари) од еден ваков проект, меѓутоа Проект Култура (работен наслов на проектов) има психолошко влијание кое неможе да се вреднува со пари. Тоа е над парите. Не е тоа само уште едно „културно збиднување на школка во Скопје“ туку тоа е мотивација на илијадници ученици да поминат илијадници часови на полето во кое се талентирани. Тоа е образование. Не директно, не в лице-в лице, не клупа-катедра, туку индиректно, суптилно. Образование во вистинска смисла на зборот.
Tags: влада, градски парк, култура, образование, парк, поезија, политика, проза, театар, уметност, школка






Нема Одговор
Одговори на овој пост: