Неврзани муабети
Карлоина Гочева само што ја слушав на радио. На сити. На онаа емисијата травел клаб. Како светски патници нешто. Каролина збореше за Париз и Москва. Во францускиот град Ајфеловата кула и оставила најголем впечаток (зошто, поѓаволите, мора да бите Ајфеловата кула?! Мислам, качете се бесплатно на било која висока зграда во близина и ете во поглед. Но луѓето се чуствуваат подобро кога плаќаат. Во Москва, нема да верувате, најголем впечаток и оставило метрото. Метрото?! И не осетила дека Москва е скап град. Нормално. Пробајте да купите билет за балет, на пример, или некој подобар музеј. Град со окулу 1,000,000 туристи дневно, нормално, е да биде скап град. Но најскап град во светот, иако не прв поглед не изгледа така, е Богота. Не е таму скапо сместување, храна, луксузи, меѓутоа белец во Богота во очите на доста колумбијци е кеш. Следи киднапирање и барање откуп. Ако дознаат дека нема што да земат од вас тогаш звршувате мртов. Таму една пијачка во кафич може да ве чини и неколку стотици илијади евра. Не се многу гостољубливи.
За градовите ми беше муабетот. Нема блескав град. Не постои таков. Не. Има неколку блескави населби (блокови, маала), но неколку блескави наслеби доаѓаат и многу повеќе нетолкублескави, а има и тотално темни. Москва, Париз, Њујорк, Лондон, Лос Анџелес, Минхен, Копенхаген, сите тие имаат блескави и темни блокови. И за да го познаваш градот мора да ги знаеш сите негови делови. Сите, или барем сите битни. ИСто како што за да го знаеш Скопје, мора да ја знаеш Шутка, Топана, Чаир, Злокуќани, Карпош, Јане Сандански (Аеродромот во Скопје не е населба), Бит Пазар со старата чаршија, Лисиче, Драчево, Водно, а зошто да не и Кисела Вода. За да го познаваш градот мора да знаеш лиѓе од сите етнички, а и општевствено-социјални припадности. И така се зодава слика за градот. Исто како што за странците на поминување во Македонија, оваа држава им изгледа прекрасно. Многу е добро. Се е ефтино, а народот е гостољублив. Но за македонците не е баш така. Барем не за сите. Има и богати во Македонија. Но не многу. Претежно сиромаштија владее. Треба да останеш повеќе од недела дена во некој град за да знеш каков е. Не можат да се заборават социјалните аспекти. Не смеат. Во претходниот запис пишував за Исак Асимов. Сте ја читале Foundation? Сте ја читале Prelude to Foundation? Во последнава Исак се занимава токму со тоа. Анализа на Трантор (Земјата) и различните социјални прилики во различни области (држави). И доаѓа до заклучок дека пропаѓаат. Дека споро но сигурно пропаѓаат. Авторот се става во улога на спасител и формира засебна наука, психо-историја. И знаете што? Сето тоа е точно. Се пропаѓа. Светот се движи кон пропаст. Само што ќе нема Хари Селдон за да го спаси. Поточно има ама нема кој да им помогне. Оние поупорните ги убиваат.
Најдобар начин да вадиш кеш е да копаш камен, да го обработиш и да го продадеш. Камен, па, има различни видови на камења. Мермер е еден од нив. Има и земја. Глина. Но им завидувам на Цементарница. Многу полесно се прави кеш ако имаш извор. Само ја пакуваш водата во шишиња, со CO2, и ја шиткаш. Поедноставно од тоа неможе да биде.
Во Македонија има земјоделие но нема откуп. Хм. Треба да се изгради фабрика за преработка на зеленчик во Струмица, или ако веќе има да им се зголеми капацитетот, за да не мора земјоделците да го фрлаат производот кој мачно го произвеле. Потоа тие фабрики би можеле да имаат и загарантиран откуп, а може и да ги стимулираат земјоделците (поточно да ги организираат спрема своите потреби) делејќи им безплатен семенски материјал. И зошто владата да не биде инвеститор на еден таков проект? Повеќе сакаме трговски центри да градиме.
Tags: влада, град, зеленчук, земјоделство, македонија, москва, муабети, париз






Нема Одговор
Одговори на овој пост: