Нешто е скапано во Данска
Рече некој едно време, ама тој никогаш не чул за Македонија.
Во Данска веќе 5+ години во државната администрација не се користи хартија. Воопшто. Сите молби, формулари, се е електронско, се може да се направи на интернет. Така работа може да завршите без чуство на вина за убиените дрвја. Свеста не се остава на индивидуално ниво. Свеста се наметнува. Во Данска.
Македонија на друга страна, во име на создавателот, уништува којзнае колку дрва во само една вечер.
Политичарите врска немаат од интернет, или било што поврзано со компјутери. Не би било лошо да почнеме да копираме од Данска. Службениците, чиновниците, политичарите ќе мораат да научат, да се прилагодат.
Еве една идеја до Владата на Република Македонија.
Македонија економски е трагедии, тоа е општо познато, и нема никаква потреба да се негира. Најдобри инвестиции би биле оние кои остваруваат голем профит со мал влог. Незнам колку во владата некогаш размислиле за тоа, но дефинитивно софтверски развој е можеби најпрофитабилен бизнис на денешницава. Треба да се стимулира тој пазар, да се изработат проекти, и најважно Владата да биде инвеститор во повеќе случаи, затоа што јасно е дека во Македонија нема кеш. Знаете ли колку пари се вадат од една игра на пример? Или од софтверски пакет за хотел на пример, со онлине резервации и сите најнови технологии секако? Освен тоа, на тој пазар имаме предност пред западот, затоа што во цена може да бидеме многу поконкурентни, и што е најважно неможе да забрани убоз на програма, или игра, затоа што програми, игри, се продаваат на нет, и секакви забрани се неосновани и невозможни. Замислете само. Отворен пазар, без никакви непогодности, со повеќе од конкурентни цени. Дваесетина софтверски куќи во Македонија, но зборам за големи софтверски куќи и економијата ќе ни се сврти на подобро, на многу повеќе од подобро.
За земјдоелството, зошто на пример, оваа година не пробате да ги организирате земјоделците, со делење на бесплатен семеснки материјал, со тоа што прво ќе истражите кое растение моментално е најисплатливо да се одгледува, да најдете пазар, потоа според тоа да поделите семе, и да го координирате откупот помеѓу однапред најдениот пазар и нашите земјоделци. Можеби во овој процес владата ќе изгуби пари за семе, но ако го споредиме буџетот на Хрватска за земјоделие со оној нашиот тогаш најмалку што може да направи Владата на Македонија за земјоделците е делење бесплатен семенски материјал. Тоа е уствари организација на неорганизирано земјоделие на многу едноставен начин. Земјоделците ќе бидат пресреќни доколку добијат гага семе и загарантиран откуп за тоа семе.
Ако случајно некој од Владата го прочита ова (тешко веројатно) и советите ги наоѓа за полезни, нека ми побара жиро сметка, или нека ме вработи.
Tags: администрација, бизнис, влада, земјоделство, идеја, интернет, македонија, политика, политирач, политичари, семе, семенски материјал






Нема Одговор
Одговори на овој пост: