Не барај, Најди!

Не барај, Најди!

Сигурно веќе претпоставувате за кој сајт станува збор, не многу сајтови го имаат тој слоган. Слоган кој за несреќа (нивна) или среќа (моја) воопшто не е во релација со она што најди треба да биде, а уште помалку е во релација со она што е… но да почнеме од почеток, како и што и доликува на една рецензија на сајт.

Значи во Македонија, земјата наша напатена, еден ден некој се реши да го преземе Swish-e, да си регистрира македонска адреса на која DNS серверите ќе ги пренасочи на сервер кој претходно го платил и на него го инсталирал фамозниот пребарувач „Убиец на Google“ како што би го нарекол некој како мене.

Пребарувачот е толку добар, и секако, натпросечно интелигентен што се покажува и на дело. Никаде не постои линк за додавање на адреса (URL) како што имаат останатите глупи сервиси од тој тип како што е заостанатиот Google, и многу подобриот Yahoo. Очигледно е дека Најди е во можност да ги пребара сите интернет странци во свет, притоа дури успева да ги селектира и индексира само македонските, кои нормално, како и секој друг интелигентен пребарувач, ги подредува по категории како блогови, книги и останати. Како тоа го прави незнае никој жив меѓутоа колку што разбрав Google веќе понудиле неколку милијарди долари за откупување на овој револуционерен начин на индексирање на страници.

Дека ваквиот начин на индексирање е далеку подобар покажува и селекторската политика на пребарувачот па така доколку имате блог и сте фрлиле 500 денари за регистрација на сопствена адреса (како што е Револуција) Најди ќе ве рачуна за прилично глуп и нема да ве индексира. Истото се случува и со оние што биле доволно големи идиоти да регистрираат блог на некој од странските сервиси, што Најди нормално, ќе го награди со тотално игнорирање на нивната моронштина. Овој невиден филтер на страници е веќе на листата на желби на Бил Гејтс кој сака да го откупи (патентот по можност) за да може кодот да го искористи во своите неколку пребарувачи кои неможат воопшто ниту да пркнат поради вакви интелигентни парчиња код.

И затоа не барајте, Најдете со Најди, ако ништо друго ќе најдете само она што сакаат да најдете.

Tags: ,

Нема Одговор

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL