Контрола на умот
Повеќето кога ќе се спомне „контрола на умот“ веднаш помислуваат на некои неверојатни начини на контролирање како хипноза, или некои дроги, или контрола која се постигнува со некои машини. Помалку од луѓето веднаш помислуваат на медиуми (телевизии, весници, списанија). Секако во право се оние вторите. Не се потребни специјални машини, дроги или хипнози, доволно е преку некој медиум да се пропагира дадена порака. Еднаш говорев за сублиминални пораки и како тие се користат за контрола на масите. Меѓутоа има далеку поефикасен начин, за жал.
Нема да пишувам есеј на оваа тема туку ќе дадам само еден класичен пример за манипулација и контрола на луѓето кој се надевам ќе биде доволен да ја долови мојата поента.
Доколку побарате на интернет (или во библиотека) некој понов учебник по економија, поспецифично за услужни дејности, а потоа го прочитате ќе научите многу работи. Како прво ќе научите дека услужните дејности се во подем, ќе научите дека услугите стануваат двигател на економијата на Западот, потоа ќе дознаете дека услугите се иднината, дека повеќе од 60% од претпријатијата на запад се услужни, ќе научите и дека услугите се најновиот хит на пазарот… И тоа е се во ред.
Но никаде нема да прочитате зошто токму услужните дејности се во подем на запад, додека производството опаѓа. Некои автори можеби и ќе се потрудат да објаснат така што ќе кажат „поради енормиот технолошки развиток услугите доаѓаат на прво место“. Ова во најмала рака е смешно. Како прво кој го прави тој технолошки развој ако не производителите?
Објаснувања никаде… а сега ќе ви кажам и зошто.
Затоа што тие не сакаат да знаете зошто. Тие сакаат само да го прифатите она што го пишува во учебникот. Впрочем тој учебник го напишал добитник на Нобелова Награда за економија. Мора да е во право не? Нобеловец знае! Во зборовите напишани од нобеловец не треба да се сомнева. Неговите ставови не треба да се преиспитуваат. Зошто и би се преиспитувале? Сигурно тој знае повеќе од некој бруцош на економија, па нека е и апсолвент. И тоа функционира. Знам бидејќи тие ставови идните академски граѓани ги учат и прифаќаат без нималку сомнеж. Што е уште полошу утре тие самите ќе ги бранат тие ставови без воопшто да ги преиспитаат, без воопшто да размислат на таа тема.
Без разлика што кажуваат „најдобрите“ 10 западни економисти вистината е сосема поинаква.
Размислете.
Почнете така што е одговорите на прашањето: Што се случи во последните 30 години на западот што е во тесна врска со подемот на услужната дејност?
Одговорот е краток и јасен! Се случи миграција на производството од запад кон исток. Така повеќе од 70% од производството се пресели во Кина, Индонезија, Малезија, Сингапур, итн. Ама гледате ова не го пишува во ниту еден учебник. Чудно како на ова не помислил ниту еден нобеловец.
Гледате, ако го земете во предвид овој факт сликата е сосема поинаква. Услужните дејности не се во подем. Нивниот процент не е зголемен. Се е тоа само последица на миграцијата на производствените претпријатија.
Услугите во подем? Хах. Единствените значајни услуги кои се појавиле во последниве три децении се интернет и мобилна телефонија. И нормално, за да користите било која од овие услуги потребен ви е производ (мобилен, компјутер).
Има една англиска фраза која многу ми се допаѓа и мислам дека на секој треба да му биде животно мото. Question everything.
(п.с. Додека го читате текстот препорачливо е во позадина да оди “The Wall” од Pink Floyd)
Tags: mind control, контрола на умот






Нема Одговор
Одговори на овој пост: