Македонија во НАТО, НАТО во аут

Долгорочната политика на државава ни наша секогаш била тапа. Погледенете ја само Крушевската Република и ќе ви стане јасно дека ние како нација планираме само 10 потези нанапред, за што Каспаров, сигурен сум, ќе каже дека е крајно дегенски, тотално аматерски и прилично лузерски. Впрочем не се победува во партија шах така, а политиката (освен што е курва) е и доста сложена партија шах, особено кога играте против програм напојуван од многу процесори (за жал Интелови) што може да се види од одлуките на пресметаните потези кои ги влече машината. Ама ниту една машина не е совршена, што многу јасно го покажа и Каспаров пронаоѓајќи баг кој успешно го искористи и ги победи милионите „и“ „или“ постигнувајќи го така резултатот на кој никој не се надеваше. Невозможно?! За кого како. Се што треба да се направи е добра анализа и длабоко мислење, многу, многу потези, мешутоа и искористување на секој баг што ќе се појави, под услов истиот и да се примети.

Насловов до сега нема врска со содржината, меѓутоа тоа е само затоа да се потврди оној пасус погоре.

Кина секојдневно економски расте, руши рекорди во индексот на БНП - што би е рекло народно „има развој невиден“. Русија воопшто не е задоволна од НАТО пактот, истото важи и за Кина, како и за Индија, Африка, Азија, па и Јужна Америка, која веќе најувава свој пакт кој би им помогнал поцврсто да застанат на нозе. Африка сеуште не е до тој степен организирана меѓутоа и таму се развива свеста на народот и полека почнуваат да сфаќаат дека доколку се здружат во некој вид на пакт имаат поголеми шанси да се отргнат од западното влијание, а со тоа и да се развијат. Блискиот Исток е веќе во некој вид неформален (неофицијален) пакт.

Сеуште далеку од насловот. Меѓутоа во тоа е суштината на играње шах, противникот да не види дека ќе биде матиран, или да види дека ќе биде матиран кога веќе ќе биде премногу касно да направи нешто со што би го спречил поразот. Само прашање на време е кога ќе се оформи нов пакт, пакт со економски зајакната Кина, воено и политички јака Русија. Пакт помеѓу држави од Јужна Америка, пакт помеѓу држави од Африка, и конечно официјализирање на пактот кој го има на Блискиот Исток. Многу е извесно дека кога веќе размислуваат за здружување нема да застанат само на регионално, туку ќе почнат и помеѓу себе да се здружуваат. Јужна Америка, Африка тешко дека би се определиле за НАТО, нивни избор би биле Кина, Русија, државите кои не им киснат на глава, се со цел да си обезбедат поголема слобода, подобри услови, подобар живот, и подобро преговарачко место на политичката фотеља од која се решаваат светските прашања.

Каде би бил тука НАТО со своите членки кои ги тресе економска криза? Или да го сменам прашањето: Каде би биле другите држави со енормен економски раст? Не, ниту така не е во ред прашањето. Правилно би било: Каде се гледаме ние во сето?

Tags: , , , , , , ,

1 Одговор

Ручкин

Април 10th, 2009 во точно 00:28    

avatar

Добавил ваш блог в закладки.

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL