Корисни wordpress додатоци

Google (XML) Sitemaps Generator e одличен додаток кој креира мапа на блогот и ги известува Google, Yahoo и MSN за промените.

Admin Drop Down Menus е плагин кој создава паѓачки менија во административниот сектор. Одличен штедач на кликови.

Smart YouTube ќе ви овозможи лесно додавање на видеа од популарниот YouTube.

Subscribe to Comments како што самото име кажува овозможува посетителите на Вашиот блог да добиваат известувања по Е-Пошта ако има нови коментари на даден пост. (Како изгледа овој додаток можете да видите подолу, на крајот од овој пост.) (оваа верзија создава конфликт со визуелниот едитор во WP 2.3.3 па доколку неможете да живеете без визуелен едитор не го инсталирајте плагинот. Користете HTML едитор или деактивирајте го додатокот пред секое пишување текст.)

WordPress.com Stats е додадок за кој треба да се регистрирате на WordPress за да добиете API клуч. Плагинот обезбедува напредна статистика на Вашиот блог. Не троши сообраќај и воопшто не го оптеретува Вашиот сервер затоа што статистиката ја процесира WordPress.com.

WP-Email ќе ви треба доколку сакате на Вашите посетители да им овозможите да испратат сторија по Е-Пошта до пријател(ка). (Демо на овој додаток можете да видите на крајот од овој пост).

WP-PageNavi додава напредна навигација. (За демо кликнете тука и погледнете најдолу)

WP-PostViews брои колку пати даден пост е прочитан. (Демо на крај од овој пост).

WP-Print е задолжен за додавање на копче кое на Вашите посетители ќе им овозможи брзо да го испечатат постот. (Демо на крајот од овој пост.)

WP-UsersOnline ги брои моментално присутните посетители на Вашиот блог. (Погледнете го сајдбарот за демо.)

WP Ajax Edit Comments им овозможува на Вашите посетители да ги изменат коментарите. (За демо испратете кометар на овој пост.)

Exclude Pages ќе ви затреба ако сакате да креирате страници кои не сакате да се појавуваат во секцијата Pages. На пример доколку сакате да креирате страници за грешки 404, 401, 403 и слично, а истите не би требало да се појавуваат никаде во архивата или во page секцијата. (За демонстрација пробајте да ја отворите адресата http://zborovi.info/i.)

TTFTitles е одличен додаток кој ќе го промени изгледот на насловите на Вашиот блог. Ако сакате да имате уникатни, кул наслови тогаш ова е плагин за Вас. (Демо ТУКА.) Одличен додаток особено за латинични блогови затоа што ретки се оние фонтови кои имаат универзален енкодинг. Би ги замолил сите оние кои имаат фонтови кои подржуваат системска кирилица да ми ги испратат на blog[at]zborovi.info. Благодарам.

Tags: ,

1 Одговор

GeashMesk

Јуни 23rd, 2009 во точно 11:32    

avatar

Что то у Вас дизайн косит, сижу под ИЕ

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL