Камера, тон. Акција!

Еве едно интересно клипче кое ги разјаснува чудните појави кои ги има на снимката од слетувањето на месечината.

Инаку дека е лага целата таа работа може да се заклучи мошне едноставно користејќи го времето и логиката како единствени докази. Ако веќе пред 45 години биле на месечината зошто денес не отидат пак? Мислам ако веќе тогаш било лесно патување до сателитот наш тогаш денес со многу повисоко развиена технологија би требало да биде мачкина кашлица. Ама ете од тогаш наваму никој не бил. Чудно. Човек ќе си помисли дека за 45 години технологијата ќе се развие повеќе меѓутоа очигледно технологијата во вселенско патување стагнирала и стручњаците од НАСА заборавиле како се превеше вселенско летало кое може да отиде до нашиот природен сателит и назад. Или заборавиле или никогаш не ни знаеле. Бидејќи заборавиле звучи неверојатно, единствен логичен избор би бил „никогаш не ни знаеле“. Барем можеа уште еден филм да снимат во некое студио. Ама така само ќе дадат повеќе докази дека е монтиран целиот настан затоа што секогаш има луѓе кои внимателно ќе им ги проучуваат филмовите.
Интересно меѓутоа од тој историски момент нема многу слики и снимки, ниту пак наса сака да ги објавува. Впрочем ако тоа било вистина слики и видеа ќе имаше насекаде. Таков е менталитетот на америка. Меѓутоа од ова нема. Самото тоа е доволен доказ, исто како и 45те години во кои нема ниту еден лет до месечината.

Тоа ти е америка.

Tags:

Нема Одговор

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL