Кајмакот - не толку слободен софтвер
Повеќето слушнале за Кајмакот, некои и не, што и не е некоја голема трагедија. Впрочем и јас за кајмакот слушнав вчера и веќе се одлучив да го претставам во рубриката „Сајт на денот“… но да почнеме од почеток.
Незнам кој го направил ниту пак ме интересира. Секоја чест за луѓето што стојат позади овој проект, за ова парче слободен софтвер. Но. Секогаш има едно НО. Овојпат тоа НО се вика македонска работа или попрецизно македонски слободен софтвер што во превод значи дека не е баш слободен. Слободен е, ама архивата е сјебана и џабе ви е што ќе го симнете. Па добро, не баш џабе. Има скоро се, освен од ADMIN фолдерот некои фајлови кои најверојатно нема ни да ви требаат. Зарем сакате да стартувате нов кајмак? Зарем мислевте дека ова е слободен софтвер и ќе дозволиме на некој си ми таму деген кој нема врска од програмирање да го користи нашиот труд и пот внесен во кајмакот? Па што ако се сте програмер? Не направивме никаков фајл за помош при инсталирање каков што има во сите слободни парчиња код па има да се препотите додека изнајдете начин како да го инсталирате ако воопшто ви успее да ги напиштете оние парчиња код кој ги нема поради сјебаната архива која ја споделивме со сите на интернет.
Да препоставиме дека се нашол некој со вишок време и доволно генерирано незнаење да го кракува слободниот софтвер на кајмак за што ќе потроши 100 пати повеќе време отколку за инсталирање на Друпал (каде што има датотека која ќе ви објасни како да го инсталирате) со неколку модули кои ќе му овозможат да работи како Digg со тоа што ќе изгледа подобро од кајмакот, ќе функционира подобро од кајмакот и всушност ќе биде многу подобар од кајмакот на сите полиња.
Да претпоставиме дека имате нов сајт кој работи на, сега веќе, кракуван кајмак.
Прво нешто што ќе ги иритира корисниците е неможноста да автоматизираат процесот на објавување на стории. Така на секое ќе треба да внесувате скрипта или адреси, потоа ќе морате да внесувате наслови, описи што му доаѓа како да сте напишале уште еден текст. Секако ќе треба да внесете и код за стил ако не сакате копчето да ви го ништи изгледот на страницата. Џабе ви е ако ја земете скриптата и пробате да ја уфрлите во темплејтот. Копчето ќе го има на сите постови меѓутоа нема да покажува ниту на еден од нив туку ќе биде врзан за адресата на страницата, ако успеете да го натерате да работи воопшто.
Овој пост немаше да настане ако не пробував да модифицирам еден плагин за Диг со тоа што ќе го направам да функционира на кајмакот. Затоа и се решив да го преземам кодот на кајмакот, значи не поради поставување клон на кајмак туку поради имињата на полињата во формуларот за да може автоматски да се испише насловот и 300 карактери текст во опис кои ќе бидат вметнати од мојот сајт. Значи без многу многу пишување, само клик, клик (овој клик е за логирање), бришење неколку карактери, ставање неколку точки и уште еден клик за испраќање.
Ќе беше убаво да работеше ама не работи. Копчето треба да се внесува за секој текст посебно, поточно се во кајмакот треба да се внесува посебно.
А уствари кога ќе размислам подобро за кракување на кајмакот не треба да имате генерирано доволно незнаење. Се што треба е да сте го посетиле кајмакот и веднаш ќе добиете желба да го кракувате, да го подобрите и на крај да купите домаин, да го инсталирате и да гледате како се нервираат оние што го направиле полу-слободен.
Ќе заборавев, ниту оној плагинот за огнената лисица не функционира како што треба. Џабе е ако само отидете врз линкот и пробате со десен клик да го стартувате како што, на пример, се отвара нов прозорец. Мора да биде отворена дотичната страница во спротивно се зема само адресата на сајтот, а не целосната адреса на сајтот. Да работеше ова како што треба можеби овој пост немаше ниту да настане.
п.с. Секоја почит кон open software заедницата која ја има мојата безрезервна подршка, меѓутоа вистиснката зедница, а не ова ниско срање што човек може да го очекува само од македонче и од никој друг.






Нема Одговор
Одговори на овој пост: