Избори
Незнам колку знаете ама Хитлер легитимно дојде на власт.
Имаше избори и си победи човекот. Демагогија, ораторство и на крај фотеља.
Како заврши неговата приказна сите знаеме.
Незнам што би кажал Фројд на тоа ама јас би кажал дека претежно луѓето се глупи. (Ова е и научно докажано. Имено само 20 % од луѓето се надпросечно интелигентни, остатокот е просечен и подпросечен).
Затоа смислив нов генијален (и крајно радикален) систем на гласање:
Луѓе со IQ помал од 100 немаат право на глас. (Затоа што не знаат правилно да проценат за кого е најдобро да гласаат).
Луѓе со IQ од 100 до 120 имаат гласови колку бројот на нивниот IQ поделен со 2. (Оваа група знае да процени ама знае и да утне).
Луѓе со IQ поголем од 120 имаат број на гласови соодветно со нивниот IQ. (Ваквите луѓе не паѓаат на говори, демагогии и празни ветувања).
Ваквото гласање е подобро за сите.
Ваков начин на гласање би претставувал своевидна револуција. И нормално како секоја револуција носи радикални промени.
Низ историјата човештвото секогаш поминувало низ револуции. Се менувале системи за да се дојде до оние што се денес. Глупаво е да се мисли дека денес сме на врвот и понатаму не може. Така мислеле и во феудализмот повеќето ама се случила револуција. Ако нешто сум научил од историја тоа е дека човештвото без престан оди напред. Капитализмот не е последна фаза од развојот на човештвото (и општеството). Капитализмот е само уште една од фазите во развојот. Ако капитализмот е последното скалило тогаш тоа ќе биде исклучок од правилото. Освен тоа, тоа ќе значи дека човекот го постигнал својот максимален капацитет и од тука нема понатаму. Чисто се сомневам дека од тука не може понатаму. Чисто се сомневам дека човекот дошол до крајот на својот капацитет.
Револуција ќе се случи. Еден ден ќе дојде нов систем. Сосема поразличен од оној кој владее сега. Нема да се вика капитализам, нема да се вика ниту социјализам. Се надевам само дека нема да се вика ниту тоталитаризам (нешто кон што се движиме, за жал - како инаку ќе го наречето вградувањето на чипови (RFID Chip) за лоцирање во луѓе? - експериментален проект во USA).
Корисни линкови за оние што сакаат да дознаат повеќе за RFID чиповите (кои се веќе вградени во пасошите на САД и експериментално се вградени во луѓе, доброволци).
http://www.securityfocus.com/columnists/169
Каде се користат до сега (интересно видео)
10 минутен филм кој мора да го погледнете
Филм на темата околу контролата
Краток извадок од претходниот филм. Мора да го погледнете!
Чипови за луѓе (официјална страница на произведувачот)
Tags: гласање, избори, политика, револуција






Нема Одговор
Одговори на овој пост: