Исландски презимиња
Бидејќи вчера игравме против Исланд еве една интересна информација. Сите (машки) презимиња на исланѓани завршуваат на „СОН“ што во буквален превод значи син. Ако таткото се викал Гудјен, тогаш неговиот син добива презиме кое всушност е името на таткото плус „СОН“. Така синот на Гудјен се презива Гудјенссон, на Исак, Исакссон.
Женските презимиња се слични со тоа што на името на таткото се додава „дотир“ што во превод значи ќерка. Така ќерка на Гудјен се презива Гудјенсдотир.
Во буквален превод Гудјенсовсин или Гудјенсоваќерка.
Е сега замислете коментар: Гудјенсовиотсин по левата страна, одличен пробив и нафрлање до Јохансовиотсин кој брзо го проигрува Исаксовиотсин. Шут на Исаксовиотсин над голот. Јоновиотсин нервозно мафта со раце затоа што беше осамен по десната страна но не доби топка од Исаксовиотсин. Трењерот Густавовиотсин спрема нова замена, на местото на Хогаровиотсин во игра влегува Фјоровиотсин.






Нема Одговор
Одговори на овој пост: