82 години порано
На оваа дата пред точно 82 години (април 1926) е издадено првото списание кое објавува научна фантастика во светот. Творец на овој магазин и на самиот назив научна фантастика е славниот Хуго Гернсбек, човекот чие име денес го носи една од најпрестижните награди која се доделува во НФ литературата.
На оваа иста дата пред точно 100 години (април 1908) е издадено и првото списание од областа на електрониката „Modern Electronics“
Хуго Гернсбек е роден во Ликсембург, на 16 август 1884. Во 1905 година емигрира во САД и остатокот од својот живот го поминува таму. Предводник е на модерната научна фантастика, и креатот на името на жанрот со една разлика што тој жанрот го нарекол „scientifiction“ што во годините потоа преминало во општопознатото science fiction. Освен издаваштво Хуго пишувал и нф раскази, издал и една новела „Ralph 124C 41+“ (Ralph one to foresee for one) која првобитно е објавувана во 12 продолжетоци во „Modern Electronics“ во 1911 година. Неговото пишување било извонредно лошо, како што ќе напише Исак Асимов „Хуго како автор пишуваше извонредно лошо, меѓутоа имаше и извонредно добри идеи и предвидувања.“ Ликсембургчанецот го има предвидено развојот на радио технологијата, радарите, вештачките сателити, користењето на енергијата на атомите (нуклерна фузија), користењето на авиотранспортот онаков какок што го познаваме денес и многу други предвидувања кои да не биле напишани како научна фантазија сигурно сега ќе бил обожаван од којзнае колку луѓе, а Нострадамус ќе бил потполно заборавен.
Списанијата кои ги издавал не биле револуционерни само поради темите туку и поради кориците и нестандардниот (во тоа време) формат во кој биле печатени. Во прво време во неговиот магазин биле објавувани најмногу раскази од Жил Верн, Алан По и Х.Г. Велс пред се поради фактот што во тоа време немало многу писатели кои пишуваат НФ па било потребно одредено време додека не почнат автори да пријавуваат текстови во неговиот магазин. Познат е и по тоа што исплаќал многу ниски хонорари на текстописците па поради тоа бил нарекува Хуго Стаорецот (Hugo the Rat) од страна на некои автори меѓу кои биле и H.P. Lovecraft и Clark Ashton Smith.
Хуго починал во Њујорк на 19 август 1967 година.
Tags: магазин, научна фантастика, хуго







Нема Одговор
Одговори на овој пост: