Слобо… овај, Компромис или смрт
Го читам Героски во еден наш дневен весник и повторно ме запрепастува неговата (не)логика. Човекот дефинитивно не размислува додека пишува, прашање е само дали некогаш размислува. Најверојатно не.
Како поинаку да ја објаснам оваа неговаа последна колумна (потпишана на крај со гордото: „авторот е уредник на Сега“ - како тоа да е за пофалба). Човекот почнува така што го нарекува дневниот весник Вест „трачарски весник“. И така откако преку првите пасуси не увери дека Вест е трач-весник продолжи да коментира сторија (од трач весникот) која ја сфати сосема сериозно (од трач-весник) и ја елаборираше сериозно (трач сторијата од трач весникот) притоа одејќи до таму што од текстот за можното прашање на можниот референдум (трач сторијата од трач весникот), стигна до таму дека МПЦ е проба за сменување на името на државата, дека владата преку трач весникот ја менува политиката, и ред други обвиненија.
Е сега мене не ми е јасно како прво нарекуваш некој весник за трачерски, потоа земаш трач од тој весник, го окарактеризируваш како вистина (иако си го нарекол трач), го анализираш како вистина, и потоа почнуваш со трачеви да обвинуваш. Така текстот бил напишан од владата, и незнам веќе што. Нели е тоа трач? Ако имаш докази бујрум, напиши ги. Ама од докази ништо. Туку како се викаше новинар кој пишува трачеви? А како се вика весникот кој што ги објавува? А како се вика новинар кој обвинува други новинари и весници за трач, а потоа пишува цела колумна трачеви?
Како беше она: „Читај и мисли слободно.“ Епа читам… и на твоја штета мислам слободно.
Ех, Геро, Геро… Не беше „Компромис или смрт, туку беше: Слобода или смрт“
Tags: героски






Нема Одговор
Одговори на овој пост: