Џорџ Лукас
За сите оние што не знаат еве една интересна информација која многу луѓе ќе изнервира и изненади.
Да се навратиме на информацијата. Колку од Вас го гледале Star Wars? Колку од Вас ја играле Grim Fandango? Колку од Вас го гледале Indiana Jones, a колку Young Indiana Jones?
Многу претспоставувам.
Но многу малку приметиле дека Џорџ Лукас е комунист и дека во многу негови проекти се провлекува комунизмот, комунистичките идеали.
Star Wars на пример е борба помеѓу доброто и злото, а доброто е комунизмот, додека злото е капитализмот. Комунизмот вика „да нема граници и нации“ и добрите момци во Star Wars се во човечки односи со различни нации (раси) додека лошите момци се само белци. Комунизмот исто така вика „фамилијата е непотребна“ и во филмот се исмева фамилијата со самиот факт што Дарт Ведер е татко на Лук Скајвокер.
Ова е само малку, метафори, сиболики има еден куп, ако знаете да ги гледате и ако имате точни познавања на комунизмот.
Индијана Џонс филмот не толку, ама затоа младиот Индинаја Џонс е препол со комунисти и сите тие се познати и добри личности. Никој од нив не беше претставен негативно и лошо како што обично знаат да ги прикажуваат особено во амерички филмови.
Грим Фанданго е легендарна игра во која главниот лик се бори против корупцијата во Земјата на мртвите и тоа со помош на комунистите кои повторно се борат против истиот непријател односно симболично капиталистите. Во играта лошите се заинтересирани само за пари и власт. Повторно во проект од Џорџ Лукас комунистите се добрите додека другите се лошите.
Ви звучи неверојатно знам. Некои дури ќе речат: „Овој е луд, вика дека Џорџ Лукас бил комунист.“
Викаат слика вреди колку илијада зборови и токму затоа еве го логото на еден од Лукасовите проекти.
Некој гледа обично човече кое чекори во оваа слика. Јас гледам стилизиран срп и чекан. Се е до перцепцијата. Кихотизам како што некои го викаат.
Tags: capitalism, communism, games, george lukas, movies, star wars, војна на ѕвездите, капитализам, комунизам







Нема Одговор
Одговори на овој пост: