Енциклопедија
Извадок од текст напишан на 16 март 2009 година: „…..самите не сме си ја напишале историјата. Секогаш бил друг - никогаш наш. И кога биле наши тие работеле за други. Така имаме кумунистичка историја пишувана во рамките на СФРЈ, создадена за интересите на СФРЈ. Имаме историја од СХС, од бугарија, од грција, од странци, од секого освен од македонци. Нас ни треба нова историја. Историја која сами ќе ја истражиме и напишеме. Историја која ќе ја пишуваат историчари кои не веруваат во онаа историја која ни била напишана и одредена од други….. Но знаете ли што е најтрагично? Што поради немање историја, поради вековна пропаганда, македонскиот народ е наведен да работи против себе. Поради немање историја и чуство на припадност кон една нација одредени групи притискаат за сменување на името. Внатре во државата.“
Пишував тогаш дека никогаш сами не сме си ја напишале историјата и поради тоа сме дојдени до ова дереџе. И бидна енциклопедија македонска, напишана од македонци. И бидна палење на книги како во Германија додека владееше Хитлер. И ќе бидне нова енциклопедија напишана од политичари, странци, германци, американци, албанци. Повторно друг ни ја пишува историјата, повторно тоа не се историчари. Не научивме ли на грешките?
Tags: енциклопедија, историја, македонија, македонска енциклопедија, ману






Нема Одговор
Одговори на овој пост: