Интернет Бизнис

Вовед. 3

Е-Бизнис. 5

Успешен е-Бизнис. 8

E-Бизнис Тркало (e-Business Wheel) 9

До добра страница и назад. 13

Циклус на изработка на веб сајт. 16

Интернет продажба. 18

Референтна литература. 23


Вовед

Е-Бизнис е термин кој служи за да се опише работата, односно начинот на работа на претпријатие кое работи преку Интернет, или користи Интернет технологии за подобрување на продуктивноста или профитабилноста на претпријатието. Electronic Business (EB – електронско работење) е работење на Интернет, што не подразбира само купување и продавање, туку и грижа за клиентите и деловните партнери, или накратко, целокупното работење на претпријатието е Online организирано.

Најчеста имплементација на е-Бизнисот е дополнителна, или во некои случаи примарна, продавница. Со продажба на добра и услуги на интернет може да се досегне, стигне до многу поголем круг на луѓе, многу повеќе од најоптимистичките надежи на една обична традиционална продавница од цигли.

Освен поширок круг на луѓе, Интернет работењето има и една огромна предност, а тоа е практично неограничениот број на производи, услуги кои може да се понудат.

Има неограничен изложбен простор, плаќање преку разни начини, достава до дома, споредување на цени, натписи за производи, оцени, спецификации, всушност има многу повеќе информации до кои може да се стигне лесно и брзо што во западните земји и се користи. Македонија каска во поглед на интернет работењето пред се поради купувачките навики на просечниот македонски жител, а тие сосема сигурно не вклучуваат Интернет купување, а во голем процент навиките на просечниот македонец не вклучувуваат ниту Интернет.

Dot-com бизнисот е како и секој друг бизнис. Не постојат магични маркетинг стратегии во офлајн работењето – не постојат ниту во онлајн работењето. Експериментирање со маркетинг техники, споро градење на база на клиенти, комбинирање на маркетинг техники, иновативност, фокусирање кон потребите на потрошувачите, се е фундаментално исто со тоа што единствената разлика е во конструкцијата на објектот. Со таа разлика што Интернет објектот не е лимитиран.

Во светот постојат многу успешни претпријатија кои практикуваат е-Бизнис, односно работат на Интернет. Амазон, Гугл, Јаху, еБеј, сите тие се мулти-билионски претпријатија кои работат исклучиво само на Интернет.

Бил Гејтс, сопственикот на Микрософт, уште пред 10 години во својата книга ќе напише 10 бизнис заповеди до кои треба да се придржува секое претпријатие што сака да биде успешно, а една од тие 10 негови заповеди е „Претпријатие кое еден ден нема да работи на интернет – нема да работи“. Уште пред 10 години се случи Интернет револуцијата - сега веќе сме навлезени во Интернет ерата, каде што веќе почнува да доминира Интернет Економијата, и е-Бизнисот како нејзин носител.

Е-Бизнис

Е-Бизнис е термин кој служи за да се опише претпријатие кое работи преку Интернет, или користи Интернет технологии за подобрување на продуктивноста или профитабилноста на претпријатието.

Најчеста имплементација на е-Бизнисот е дополнителна, или во некои случаи примарна, продавница. Со продажба на добра и услуги на интернет може да се досегне, стигне до многу поголем круг на луѓе, многу повеќе од најоптимистичките надежи на една обична традиционална продавница од цигли. Оваа функција на е-бизнисот обично се нарекува e-commerce.

Интересен е примерот од излагањето на еден од водителите на дискусијата[1] на конференцијата “Internet & Electronic Commerce Conference and Trade Show” од 2006 година. Учесниците на дискусијата се сложија дека не знаат како да ги дефинираат поимите e-commerce и e-business, а водителот тоа го искоментира на свој начин: „Немам поим, тоа за мене не значи ништо. Тоа се за мене е-Богови. Ние овде збориме за трговија по пат на Интернет, значи ние користиме Интернет за да работиме.“

Претходниот пример пластично покажува дека поимите со буквата „е“ (electronic – електронско), вклучувајќи го и терминот електронско работење, во последно време исклучиво се врзува со Интернет терминологијата.

e-Commerce (Electronic Commerce EC – електронско работење) е купување или продажба на добра или услуги преку Интернет, посебно преку сервисот World Wide Web. Во пракса овој термин почесто се користи од поновиот термин e-business, што значи работа преку Интернет.

Терминот e-Commerce може да се дефинира како процес на управување со онлајн финансиски трансакции од страна на поединци или претпријатија. Овој процес ги вклучува малопродажните и големопродажните трансакции.

Фокусот на e-Commerce-от е во системи и процедури со чива помош се доаѓа до размена на различни финансиски документи и информации. Овие системи вклчучуваат трансакции со кредитни чартички, e-cash (електронска готовина), e-billing (електронско плаќање), e-cheques (електронски чекови), electronic invoices (електронски фактури).

e-Commerce практично овозможува продолжување на користење електронска размена на податоци (EDI). Electronic Data Interchange (EDI) е размена на деловни податоци при што се користи некој стандардизиран формат за овие податоци. Овој систем за размена на податоци му претходеше на интернетот и обично се користеше за размена на податоци помеѓу двајца корисници, односно во на 1 начинот на продажба, каталошката продажба, итн.

Како што може да се види од претходните дефиниции, поимот електронско работење е многу поширок од најкористената дефиниција на најкористениот синоним е-Commerce. Далеку поприкладен термин за електронско работење е e-Business.

Electronic Business (EB – електронско работење) е работење на Интернет, што не подразбира само купување и продавање, туку и грижа за клиентите и деловните партнери, или накратко, целокупното работење на претпријатието е Online организирано.

Успешен е-Бизнис

Dot-com бизнисот е како и секој друг бизнис. Не постојат магични маркетинг стратегии во офлајн работењето – не постојат ниту во онлајн работењето. Експериментирање со маркетинг техники, споро градење на база на клиенти, комбинирање на маркетинг техники, иновативност, фокусирање кон потребите на потрошувачите, се е фундаментално исто со тоа што единствената разлика е во тоа што е-Бизнисот фунционира на Интернет.

За успешен е-Бизнис потребно е да се задоволат три работи:

  1. Интернет работењето не е само интернет страница. За успешен е-Бизнис потребно е да се има план и стратегија за работата, односно да се знаат сите фундаментални работи за бизнисот. Големината на трошоците, бројот на вработени, организацијата на работните места, менаџментот на набавки, рекламирање, начини на промоција, поддршка за клиентите, гаранции, сите тие се потребни информации за да не се премине црвената линија.
  2. Успешен е-Бизнис бара комбинација, односно комбинирање, од повеќе маркетинг методи, техники.
  3. Корисниците, односно што корисниците сакаат, е клучното прашање во секој успешен е-Бизнис. Доколку се обезбеди она што потрошувачите го бараат сме еден чекор поблиску до успехот.

E-Бизнис Тркало (e-Business Wheel)

Како да се прикаже концептот на комплетниот систем на електронско работење – од неговата дефиниција, преку предуслови, до описот на самите процеси во електронското работење?

Брзина, глобализација, унапредување на продуктивноста, доаѓање до нови клиенти и делба на знаење помеѓу организации и институции со цел остварување на конкурентска предност – се термини кои го одредуваат електронското работење, според мислите на Лу Гертснер, генералниот директор на ИБМ. Накратко, синоним за современо деловно работење е електронското работење!

ИБМ во 1997 година прв почна со користење на терминот “e-business”, пред се за да направи концептуална разлика со дотогаш употребуваниот термин “e-commerce” (електронска трговија), кој го изедначуваше електронското работење со електронска трговија.

До денешен ден сеуште не постои општоприфатена дефиниција за електронското работење, при што дури и големите енциклопедии како што е Британика го дефинираат е-commerce исто како и е-Бизнис.

Дефиниција

Електронското работење, е-бизнис, е збир на деловни активности кои се одвиваат со посредство на информационо-комуникациона технологија, а посебно Интернет, кои подразбираат:

  1. отимизација на деловните процеси (производство, маркетинг, големопродажба, дистрибуција, продажба, наплата, испорака, дополнување на залиха и сл);
  2. уапредување на односите со јавноста (клиенти, врабтени, добавувачи, дистрибутери) и
  3. унапредување на останатите деловни сервиси (банки, адвокатски агенции, сметководствени агенции, законодавство, ладини агенции).

Од друга страна, електронската трговија, e-commerce, претставува компонента на електронското работење, и го опишува процесот на купување, продавање и размена на добра, услуги, информации по пат на компјутерски мрежи, вклучувајќи го и инетрнетот.

eBusiness Wheel

Било кое претпријатие има можност да го примени електронското работење во своите деловни процеси. Во пракса, голем број претпријатија постепено воведува компоненти од електронското работење во поедини деловни активности, односно процеси. Основна причина за постепено воведување на електронското работење во претпријатијата е постепениот развој на автоматизацја на деловните процеси. За во некое претпријатие да се воведе некој процес на електронско работење, потребно е одговарачкиот деловен процес претходно да е автоматизиран.

Постојат два основни предуслови за автоматизација на било кој деловен процес. Прв предуслов се дефинира опис на сите работни места според деловни процеси кои се автоматизираат. Или со други зборови, мора да постои пишан документ во електроснка форма, во кој се наоѓа список на задачи по секое поединечно работно место.

Втор предуслов е опис на сите текови на информации помеѓу разни работни места за секој деловен (”information workflow”), или сценарио на деловен процес (”business proccess scenario”, “event scenario”). Областа која во последно време ги опишува предусловите на автоматизацијата и унапредувањето (оптимизацијата) на деловните процеси се нарекува Event Management.

e-Tркало

Познавањето на употребата на електронското работење би требало да подразбира познавање на деловните процеси на електронското работење. Со цел послено и подобро разбирање на елекронското работење е направен концептуалниот модел “eBusiness Wheel” (тркало на електронското работење), кој ги опишува најбитните процеси на е-работењето.

Концепт моделот се состои од осум делови кои го опкружуваат клиентот како стартна основа на сите современи деловни процеси. Oоновна цел на сите современи деловни концепции е задоволување на клиентите и формирање на такво деловно опкружување во претпријатието да сите деловни процеси бидат во функција на потребите на клиентите, и преку таков квалитетен однос со клиентите да се генерира профит.

Тркалото на електронското работење се состои од два главни дела:

  1. Стратешко електронско работење (со стратегии во електронското работење се дефинираат сите деловни процеси кои имаат крајна цел задоволни клиенти и профит):
  • Филозофија, стратегија и политика на електронското работење
  • eМаркетинг и еPR
  • Информациона и комуникациона инфраструктура

  1. Оперативно електронско работење (со креирање и водење на оперативните процеси во електронското работење се постигнува целта на стратешкото електронско работење):
  • eПроизводство и eПроизводи
  • eТехнологија
  • Дистрибутивни ланци (канали)
  • Електронска заштита и право

До добра страница и назад

Интернет страницата е единствениот начин на презентирање на добра и услуги во е-Бизнисот затоа е исклучително важно таа да биде одлично изработена, пред се од функционална гледна точка. Естетски страницата пожелно е да изгледа добро меѓутоа колку поголема е функционалноста толку повеќе потрошуваччите ќе ја користат, повеќе ќе се задржат на интернет страницата, и Интернет страницата ќе има далеку повеќе повратни посети, односно потрошувачи кои повторно се решиле да купуваат добра или услуги преку страницата.

Позната е ситуацијата кај нас и во светот дека преку 99% од интернет страниците кои се наоѓаат на мрежата не се добро изработени. Кога овде би додале и промоција тогаш процентот драстично би се намалил.

Консултации околу редизајнирање на деловното работење на Интернет моментално е еден од начестите и најисплатливи работи во Интернет маркетинг агенциите насекаде низ светот. Кај нас, претпријатијата полека се будат и нивните сопственици почнуваат да поставуваат прашувања од типот - „Имеме интернет страница веќе година дена, а каде се резултатите? На ова прашање одговорот е обично – Презентацијата не е баш најдобро направена, а уште помалку е промовирана, па не е ни чудо што луѓето не ја знаат, и нема никаков ефект од незиното постоење.

Кога се прави веб презентација може да се направат неколку работи за да дознаете каква страница имате:

1. Покажете ја интернет страницата на повеќе луѓе и барајте да ви кажатѕ што мислат на прв поглед.

2. Покажете ја страницата на луѓе кои малку или воопшто не се разбираат во Интернет, и барајте од нив да извршат задачи како наоѓање на одреден производ, преглед или пребарување на група на производи, и слични тестови од сите области кои ги зафаќа интернет страницата.

3. Покажете ја страницата на луѓе кои се разбираат во Интернет и знаат да пресудат што е добар, а што лош интернет сајт.

4. Прибирајте ги сите мислења, критики, идеи, совети, и обавезно имплементирајте некои од нив, особено ако се барани од повеќе испитаници.

За да не се најдете во ситуација Интернет страницата да биде лошо оценета, потребо е да се следат неколку, наизглед, едноставни правила:

  1. Интернет страницата мора да ја оствари својата цел. Ако Вие знаете зошто правите интернет страница тоа мора да биде очигледно на секоја страница од Интернет страницата (кај нас сеуште обично сајт се прави затоа што добро изгледа на визит картичка, меѓутоа работите почнуваат да се менуваат). На основа на целта на Интернет страницата се креира организација на содржината како и дизајнот на страницата.
  2. Страницата организационо мора да биде разбирлив за било кој посетител. На добро организиран, функционален сајт дури и интернет корисниците со мали Интернет познавања можат да се снајдат и да стигнат до бараната информација, услуга, и сл. Лошо организирана страница создава одбивност кај посетителите што е нешто што треба да се заобиколи.
  3. Содржината на страницата мора да е во кореспонденција со целта на страницата.
  4. Дизајнот на Интернет сајтот мора да биде препознатлив на секоја страница. Континуитетот на веб дизајнот на страниците пред се треба да му кажува на посетителот дека се наоѓа на тој Интернет сајт. Самата креација на веб дизајнот зависи од целта на сајтот и од истакнување на различни содржини на неговите страници. Страницата не се прави за претпријатието, за вебмастерот, туку за посетителите, затоа сајтот треба да биде видлив во сите веб прегледници, а посебните опции (недостапни за сите) треба да бидат одвоени на посебни страници
  5. Пратете што се случува на Интернет во полето на делување на претпријатието, а особено делувањето на конкуренцијата.
  6. Интернет страница самата по себе не значи нејзина промоција, ниту пријавување на веб пребарувачите. Затоа потребна е промоција за Интернет страницата, за што треба многу време, инвентивност и познавање на можностите на Интернет маркетингот.

Циклус на изработка на веб сајт

  1. Анализа (анализа на пазарот, анализа на очекувањата од потрошувачите и сл). Анализа на пазарот, интернет страниците на конкуренцијата е основна при почетокот на изградба на една Интернет страница. Резултатите од анализата треба да се постават пред целната група на корисници за да се оцени нивното мислење, нивните барања како и идеи, односно што тие очекуваат од Интернет страница на тоа поле.
  2. Содржина и одобрување. Одредување на содржината на Интернет страницата и нејзино одобрување е следен чекор.
  3. Тест на дизајнот (со вклучена анализа, критики, совети од корисниците). Првиот дизајн треба да тестира, да се утврди неговата функционалност. Освен во рамките на дизајн студиото и претпријатието тестот треба да се спроведе и врз потрошувачите и да се слушне нивното мислење, нивните критики, совети и идеи околу функционирањето и изгледот на Интернет страницата.
  4. Изработка на Интернет страницата.
  5. Тест период (со вклучена анализа, критики, совети од корисниците). Во тестниот период се тестира целокупната интернет страница, од дизајнот до функционалноста. Откако ќе поминат тестовите во студиото и претпријатието битно е да се изврши анализа на потрошувачите, бидејќи тие се крајна цел на претпријатието. Во овој дел од креирање на веб сајт се отстрануваат сите пропусти, грешки, и се финализира изгледот и функционалноста на страницата.
  6. Објавување. Објавувањето на интернет страницата се врши откако ќе бидат завршени сите претходни чекори и е дадено зелено светло за објавување.

Интернет продажба

Степен на конверзија и повраток на инвестицијата

Основни параметри при пресметка на успехот на некој Интернет проект би требало да се степенот на конверзија (conversion rate) и процентот на повраток на инвестицијата (ROI - Return of Investment).

Остварување на целта на Интернет присуството на некое претпријатие би требало да се мери со употребната вредност на интернет проектот преку кој се остварува зададена цел. Степен на конверзија го претставува односот на вкупниот број на посетители со бројот на корисници кои станале купувачи (turn browsers into buyers).

Посакувана акција

Web сајт како најчест носител на присуството на некое претпијатие на Интернет би требало за цел да има доведување на посетителот во ситуација да сака да одговори на одредена акција (баран одговор) која ја поставиле сопствениците на веб страницата. Комплексноста на сајтот, во овој контекст претставува број на различни посакувани акции од посетителите кои би требало да бидат поставени на логичен начин, спрема потребите и интересирањата на различни целни групи.

Што е посакувана акција на посетителите? Во зависност од поставеноста на стратегијата на претпријатието во однос на присуството на Интернет, посакувана акција може да биде оставена е-маил адреса, одговор на анкета, поставување на прашање до потенцијалниот корисник, продажба на производ или услуга…

За да се оствари посакувана акција од корисникот потребно е да се одреди што сака да се постигне со конкретна акција на косрисникот (цел) и на кој начин да се псотигне тоа (стратегија).

Пример: Мејлинг листа

Претпријатието сака да добие можност преку е-пошта да ги контактира личностите кои се потенцијално заинтересирани за производ или услуга. Карактеристиката на производот (услугата) е таква да постои можност за опишување на неговите предности на доволно интересен начин, што може да има за последица определување на корисникот да го избере баш тој производ (услуга.

  1. Дефиниција на цел: За да се оствари квалитетна комуникација со заинтерисираните потенцијални корисници потребно е да се дојде до нивните е-мејл адреси на начин кој се применува во интернет опкружувањето (со дозвола на корисникот - permission based).

  1. Развој на стратегија: Потојат два основни начини за ледгално доаѓање до емаил адреси на потенцијални корисници – инзјмување на мејлинг листа од трети лица и креирање на сопствена мејлинг листа.

  1. Дефинирање на начин за остварување на посакуваната акција: За да се креира сопствена мејлинг листа потребно е да се осмисли на кој начин потенцијалните корисници ќе имаат корист од информациите кои се праќаат по мајлинг листата, и на кој начин претпријатието ќе ги доведе посетителите на Интернет страницата да се најдат во ситуација да изберат пријавување на мејлинг листата.

Конверзија на посетители во купувачи

Во претходниот пример дефинираната акција „доаѓање до емејл адреса на посетителот на Интернет страницата“ претставува посакувана акција. Кога ќе се спореди бројот на добиени емејл адреси во одреден временски период резултат е апсолуен број на остварени конверзии на потенцијални корисници кои го оставиле својот мејл, или таканаречена конверзија на посетители на сајтот.

Пример: 1.000 посетители го посетиле сајтот за еден месец, a 180 посетители ја оставуиле својата емајл адреса. Во овој случај конверзијата е 180, а степенот на конверзија е 18%.

Овој пример може да се примени на било која посакувана акција во некој Интернет проект, а степенот на конверзија може да се примени и на директните продажни ефекти, ако постојат податоци кои можат тоа да фо поддржат.

Пример: Од 180 посетители кои ја оставиле својата емејл адреса во претходниот пример, 10 купиле производ (услуга) после испраќањето на првата е-Пошта преку мејлинг листата. Во овој случај може да се пресметаат два степени на конверзија:

  • 10/1.000 = 1 % конверзија. (однос помеѓу апосолутниот број на посети и бројот на личности кои купиле производ).
  • 10/180 = 5.6 % конверзија (како однос на бројот на пријавени на листата и број на купувачи).

Повраток на инвестицијата (ROI - Return of Investment)

За да се дојде до одреден број посетители на Интернет страницата потребно е да се направи план за огласување (онлајн рекламна кампања) чии трошоци во основа зависат од посакуваните ефекти.

Пример: Една веб страница потрошила 9000 денари кои и обезбедиле 500 посетители од кои 5 станале купувачи. Друга веб страница за 5000 денари обезбедила 150 посетители од кои 30 станале купувачи.

  • Во првиот случај степенот на конверзија на купувачи е 1%, додека цената за доведување на еден купувач е 1800 денари.

· Во другиот случај степен на конверзија на купувачи е 5%, а цената за доведување на еден купувач е 166.67 денари.

Ако во претходниот пример со посматра само бројот на доведени посетитлеи (брендинг стратегија) се добива дека цената на секоја посета на првиот сајт е 18 денари, додека на вториот сајт е 33.33 денари.

На овој начин добиените резултати може да се коментираат на тој начин да прваиот сајт може позначајно да влијае на генералниот развој на брендот, но квалитетот на

Кога во оваа пресметка ќе се воведе параметар „цена на производ“ од, на пример, 1200 денари, се добиваат следниве податоци:

· Во првиот случај заработката изнесува 6000 денари додека трошоците за огласување изнесуваат 9000 денари, што значи дека повратокот на инвестицијата е -66.67 % (или загуба од 3000 денари).

· Во другиот случај заработката е 36000 денари, а трошоците за огласување се 5000 денари, што значи дека повратокот на инвестиција е 720 % (или добивка од 29000 денари).

Во случај 1200 денари да е бруто цена, од што чиста заработувачка кога ќе се одземат трошоците е 200 денари, тогаш за вториот случај добиваме повраток на инвенстиција од 120% (или добивка од 1000 денари).


Референтна литература

What is eBusiness? - http://www.wisegeek.com/what-is-ebusiness.htm

E-business Wheel - Tocak elektronskog poslovanja - Dragan Varagic, Dejan Tosic - Ekonomist , октомври 2003.

Building a Website - http://www.entrepreneur.com/ebusiness/buildingawebsite/archive201418.html

Online Marketing - http://www.entrepreneur.com/marketing/onlinemarketing/index.html

Web Marketing – Jan Zimmerman, Wiley Publishing, Inc. 2007 Indianapolis, Indiana


Tags: , , , ,

Нема Одговор

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL