Discworld
Discworld е серијал од книги напишани од Тери Пратчет кои се страшно комични, а припаѓаат во жанрот фантазија. Дејствието секогаш се одвива на Discworld односно магичен свет кој всушност е рамна плоча која ја носат 4 слонови кои пак стојат на голема желка. Идејата секако е од црковната приказна за земјата која е плоча и ја носат 3 кита. Серијалот е мошне долг, пред се затоа што 90 % од книгите напишани од Тери Прачет припаѓаат на овој серијал. Точно 37 книги до сега, од кои 4 или 5 се книги за деца, односно тинејџери па затоа може да се каже дека има 32-33 книги во серијалот. Всушност серијалот е составен од неколку подсеријали и тоа за волшебникот Ринсвинд (7 книги), за Градската Стража (8 книги), за Смртта (5 книги), за Вештерките (6 книги + 3 книги за деца), и во поновите книги за Моист вон Липвиг (2 книги), и уште неколку книги кои се само сместени во Дисксветот и не се делови од никаков подсеријал.
Јас сум прочитал 70 % од творештвото на овој автор и морам да кажам дека Тери Прачет е дефинитивно најсмешниот писател до сега. Извонредни дијалози, и секако смешни. Смешни ситуации, смешни случи. Меѓутоа едно нешто многу недостасува во неговите книги. До сега не сум прочитал негова книга со добар plot (незнам како да го кажам на македонски). Искрено, да не беше толку смешен немаше да продолжам да ги купувам и читам неговите книги.
Па….. доколку сакате добро да се насмеете, трк во книжара и побарајте нешто од Тери Прачет. Моја препорака ви е да започнете со серијалот за Градската Стража (The City Watch). ТУКА може да се информирате подетално за редоследот на издавање на книгите, кој секако е и препорачан редослед на читање. Не за друго туку ако почнете од 5тата книга за стражата ќе читате за проширена стража, нема добро да го познавате Вајмс, Патрицијот, Леонардо де Квирм, ќе има многу нови ликови, и најважно, нема да знаете што е всушност Керот и зошто е таков каков што е.
Пријатно читање.
Tags: discworld, дисксвет, книга, книги, комедија, литература, писател, роман, романи






Нема Одговор
Одговори на овој пост: