Copy-and-paste светло

lampa

Секој корисник на компјутери е запознает со copy-and-paste функцијата.

Но сега Philips сака слична идеја да употреби за внатрешното осветлување. Компанијата смета дека креирање на одреден степен на осветленост е тешко бидејќи повеќето корисници неможат да ја измерат бојата и квалитетот на светлината што ја посакуваат ниту пак да ја репродуцираат истата.

Како решение за Вашите проблеми со осветлувањето фирмата излезе со нов пронајдок, светилка со вграден сензор кој насочен кон одреден извор на светлина ја мери неговата боја, сатурација и интензитет. Тие информации можат да се искористат за да се натера друг извор на светлина (сијалицата дома, на пример) да произведува иста светлина како онаа измерената со сензорот (копи-пејст).

Системот доаѓа со база на податоци на која се снимаат поставките за подоцнежна употреба.

Tags: ,

Нема Одговор

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL