Како Боно ја спасува Африка

Во Ирска долго време уметниците не плаќаа данок.

Но се случи промена во законот и Владата на Ирска реши после одредена сума да ја оданочи нивната заработка а парите да ги искористи за помош на сиромашните земји.

U2 на чело со Боно веднаш ја променија нивната резиденција, ја префрлија во Холандија за да се осигураат дека нивните „тешко заработени“ пари нема да бидат оданочени, а со тоа и нема да послужат како помош на сиромашните.

Мошне чудно ако се знае дека Боно секој ден труби нешто за помош на сиромашните, за спас на Африка.

Некој би го нарекол хипокрит.

bono_h

Дефинитивно тоа што го збори не е во согласност со тоа што го прави.

Мајка Тереза сакала да помогне и отишла да помогне. Боно сака само поголем публицитет, поголема продажба и поголемо лично богатсво.

Tags: , , ,

Нема Одговор

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL