Автори, книги и слично

За Артур Кларк и Исак Асимов веќе пишував но еве некој збор повторно за нив и за уште некој.

Нормално е секој автор да си има свои видувања за НФ жанрот. Исак Асимов е најголем фанатик, кој презира се што не е НФ, додека Урсула Легвин е сосема спротивно. Урсула Легвин впрочем почнала да пишува НФ затоа што не ја објавувале. Инаку пишувала реалистични, политички драми, сместени во измислени држави. Тоа во демократска америка не се издава. И почнала да пишува НФ. И самата изјавува дека нејзините први НФ книги се бајки облечени во скафандери. Јас се сложувам и додавам дека и сите други нејзини книги (со понекој исклучок) се бајки облечени во скафандери. Урсула има прекрасна филозофија, и тоа е тоа. Одлична филозофија, емотивно напишано, и толку од НФ. Впрочем сите нејзини пронајдоци во книгите се со имиња (инстант кумуникатор, НАФАЛ бродови - Near As Fast As Light) кои нели самите по себе објаснуваат за што станува збор. Слични научни откритија во своите книги користат и Роберт Шекли (пишува пред времето на Урсула), потоа Даглас Адамс (пишува после Урсула) и еден Џорџ Велс на пример. Тоа ни дава до знаење дека за пишување НФ не мора да се знае многу наука, треба само да се гледа и слуша. Но ни дава до знаење дека логиката не им е јака страна, фантазијата не им е нешто посебно развиена исто така. Шекли е исклучок. Тој не знае многу наука меѓутоа поставува логички теории (претежно хуморитично-саркастични) на кои им наденува акроними. Асимов за разлика од овие, освен што ги презира другите жанрови, има и многу добра фантазија, математиката и логиката му се мачја кашлица, има доволно разум за да го користи незнаењето на луѓето (за вселената на пример) за да поставува свои теории (логички издржани) кои ќе ги користи за градење на дејствието во книгата. Воопшто не му е тешко да го шета ликот низ вселена и да создаде пропратна околина со едно чудо, чуда. НЕма да ме изненади ако во иднина се открие дека паралелните универзуми постојат и функционираат слично онака како што ги објасни Исак Асимов. Нема да ме зачуди Асимов во иднина да биде нешто како Жилн Верн денес. Покрај другото и одличен социолог, а на неинформираните ќе им звучи и чудно, но Исак има напишано и крими роман, поточно крими НФ и напишан е под името Naked Sun. А и во Foundation серијалот се провлекува детективска жичка. Мошне чудно за фанатичен поклоник на НФ.
Друг одличен автор е Роберт Шекли. Шекли и неговата Трампа на свест (Mind Swap) е кратко (100 страници) ама слатко книже. Уствари, Шекли е стар автор, не толку познат, кој го немав читано до пред некое време. Штета. Единствена мана на делото е неговата должина (мала е многу книгата) и освен таа има уште една. После оваа книга други дела од жанрот ќе ви бидат досадни. Толку е добра. Авторот е духовит, прецизен, конфузен, и непредвидлив. Мислам никој жив на планетава што не ја прочитал книгата не може ниту да претпостави како ќе заврши. Не.
Шекли е добар затоа што има добра метафора, затоа што е духовит, затоа што повеќе се посветува на приказната помалку на досадни описи. Даглас Адамс сигурно има прочитано некои негови дела затоа што неговиот стил премногу наликува на оној на Шекли, додека пак Шекли сигурно го читал Асимов затоа што приметни се влијанијата на ИА врз неговото творштво.

Овие автори (освен Артур Кларк) се добри и затоа што го критикуваат системот, односно имаат добра метафора. Артур Кларк е најнаградуван затоа што скоро никогаш не сере по системот, исто и Роберт Хајлајн, за последниов системот очигледно е прекрасен и не треба да се менува.

Инаку НФ е жанр кај што најлесно можеш да го направиш салата системот и да се извлечеш со тоа…..понекогаш (сетете се на Земјатин, Орвел).

А да, да не заборавам. Неврзано со темата, ако некогаш сте се посомневале: „Да, Исус беше вонземјанин“!

Браќата Стругацки имаат на пример еден роман каде што земјани (во иднината) се на една затуцана планета (како среден век) каде што надгледуват и пробуваат да одржат ред и мир. Браќата Стругацки имаат добри книги. Многу добри. Одлични. Урсула од нив црпи инспирација за еден дел од серијалот книги со Хаинците.

Туку сте приметиле дека НФ е претежно машка литература: Повеќето фанови се машки, повеќето автори се машки. Впрочем освен Урслула И мери Шели (франкенштајн) нема друга жена во овој жанр. Не сум јас шовиниста, туку тоа се факти.

Тери Прачет. Овој не пишува НФ туку пишува фантазија, поточно пишува пародија. И морам да кажам дека со секоја книга станува се подобар. Така да ако првите книги му беа тапа, млатење празна слама* тогаш денешните изданија му се феноменални.

*Млатење празна слама - Незнам колку знаете ама изразот потекнува од стари времиња кога житото се жнеело со срп а потоа со стапови го млателе за да испаднат зрната. Ако процесот на млатење продолжи и по испаѓањето на зрната тогаш се појавува ситуација општопозната како „млатење празна слама“ што во суштина значи џабе потрошено време.

Tags: , , , , , , , , ,

Нема Одговор

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL