Arthur C. Clark vs. Isaac Asimov

Овој Артур Кларк до пред некое време го поштував. Никогаш не сум го сакал неговиот стил на пишување ама не би серел против него. Но. Човекот, на стари години, изгледа сенилен станал па во една книга кај што раскажува за многу неинвентивен вселенски лифт, се фати за мојата омилена реченица од Исак Асимов, плус од книгата за која ИА ги доби двете најпрестижни награди за НФ, Хуго и Небула. Незнам јас зошто загрозен од делото на Асимов, можеби затоа што се нашол загрозен, можеби затоа што немал никогаш имагинација. Сто посто поради тоа. Не е тешко тоа да се заклучи. Големиот Артур Кларк нема добри идеи. Впрочем секоја втора книга на почетокот има благодарности и потекло на идеите. Дури авторот се осмелува да каже дека идеинте не се негови. Таа за лифтот што он го опишува датирала од 1800+ од некој Русин, не е ниту книга, сликовница било. Имагинација нула. Отиде на друга планета за медузи да гледа?! Имагинација нула. Стварно, нема ниту една невообичаена раса во неговите дела. Сите се некои суштевства од земјата. А па за делата што да расправам. Филозофија како за десетгодишно дете. Паоло Коељо во научната фантастија. Добри му се само расказите. И романот “Mother Earth”. Али се се сведува на еден-два ликови, со малку дијалози, и многу монотонија. Добро, да некои дела имаат поука. Што поука? Дека човекот не чини. Грешка. Човекот е добар. Општеството не чини. Оптетсвото го прави да биде човекот она што е. Артур Кларк не е писател кој сере по општеството, и затоа, тоа и покрај слабата негова имагинација го наградило.

Но во светот, за среќа, постојат и автори како Исак Асимов кој ќе го направи општеството салата, и тоа толку добро ќе го направи салата, што сите веднаш ќе побрзаат да му оддадат честитки, почит, и еден куп награди. Нешто како „Браво човече, салата ги направи, ево рука!“ Е тоа е веќе заслужено. Затоа што општевството е срање. А човекот е глуп. И ниту боговите лично, на човечката глупост неможат да и стават крај. И за жал, многумина мислат дека Исак се бори со ветерниците.
п.с. Заборавив, Исак Асимов не му остана должен на Артур. Не. Во наредната книга, онака попат, на две страници разработи далеку поимагинативен лифт. Антигравитационен лифт. Такви работи Атрур Кларк неможе да смислува, а на Асимов не му е воопшто тешко да изгради вистински НФ свет окулу главните ликови. Тоа е впрочем и најголемата разлика помеѓу овие два писатели. Едниот има имагинација на претек, другиот нема.

Tags:

Нема Одговор

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL