Шпиц, колумни и колумнисти
За Шпиц уште оддамна имам кажано дека е памфлет без никаква вредност што служи за бесплатно туркање на нечија агенда. Што е потрагично таа агенда скоро секогаш е против Македонија.
Во денешен Шпиц (11 март 2009) година се најде и колумна на некоја тинејџерка која не само што не го разбрала Карл Саган (кого го цитира) туку и отфрла научни докази на база на шпекулации и манипулации.
Колумната, поточно памфлетот наречен колумна од тинејџерката Благица Иванова (несреќно) започнува со цитат од Саган. Цитатот оди вака: „Ако сакаш да направиш пита од јаболка прво треба да го создадеш универзумот.“ Потоа авторката наведува дека за многумина ова било неразбирливо, парадоксално, невозможно, фиктивно, смешно, ама за тие што читале малку повеќе (сака да се пофали дека читала малку повеќе) ова и не било така невозможно. Штета што многу луѓе кога читаат читаат замо зборови. Не се ни обидуваат да задѕирнат и да видат некоја повисока, подлабока мисла.
И така авторката тргнува со мисла дека ако го разбереме универзумот може и ќе најдеме алатки да создадеме универзум. Дали тоа е поентата на Саган? Дали Саган сугерира дека создавање на универзум е возможно?
Штета што авторката трудејќи се да го сфати Саган, никогаш и не помислила дека тоа што го напишал Саган е чиста вистина и како такво треба да се анализира. Ултимативно за да постои пита од јаболка потребно е да постојат јаболка… и брашно, и шеќер, и уште некои зарзавати. Дали веќе се наѕира логиката на Саган? Ултимативно за да постојат јаболка (за питата на Саган) треба да постои планета на која ќе растат јаболка – во овој случај нашава планета. За да постои планета на која ќе има јаболка треба да постои Сонце околу кој ќе ротира планетата на која растат јаболката. Ултимативно за да постои Сонце и планета треба да постои и Галаксија. Дали ја гледате логиката сега? Ултимативно за да постои галаксија, Сонце, планета и на неа јаболка треба да постои универзум. Ултиматтивно прво се создава универзум а неколку милијарди милијарди милијарди години подоцна се создава планета со јаболка на нив. Уште неколку милиони години и имате и пита од јаболка.
Или ај да пробаме да размислуваме вака: Ако питата од јаболка ја земеме дека е Македонија, тогаш универзумот е несомнено историјата на Македонија низ векови и милениуми. Или што ако за “пита од јаболка“ ја земеме македонската нација и македонскиот идентитет? Што е тогаш универзумот?
Но да се вратиме на цитатот од Карл Саган.
Кратко кажано „Ако сакате да направите пита со јаболка прво треба да создадете универзум.“ Логички нели? Пита со јаболка нема да постои ако не постои универзум. Нема да постои ниту Благица Иванова ако не постои универзум.
Интересно е што во оваа реченица постои огромна вистина. Тоа е историјата на питата за јаболка. Прво унивезум, па галаксии, па сончеви системи, па земјата, па живот на земјата па човек кој прави пита од јаболка. Проста историја на создавањето. Многу моќно и кратко напишано од Карл Саган. Впрочем толку моќно и кратко што повеќето луѓе го гледаат само површински, само прости зборови со точно одредено значење и без никаква подлабока смисла. Така Благица си ја земала реченицата здраво за готово и си ја сфатила буквално: „За да направиш пита од јаболка треба да направиш универзум.“ Тоа е траги-комедично.
Е сега кога докажавме дека логиката на Благица не и е јака страна, а очигледно ниту размислувањето, да се префрлиме на останатата содржина на таканаречената колумна.
Значи Благица го зема истражувањето на „Генеа“ – инаку научен институт за истражување на ДНК и потекло на народи од античко време до денес (Генеа откриле дека античко македонски ген има најмногу во македонците) – и го отфрла со најдобриот факт некогаш користен „Швајцарски лажги“. Пред вакви факти и боговите молчат. Потоа оди понатаму и кажува дека историјата е подобар начин на утврдување од ДНК анализа. Истата онаа историја за која викаат дека е пишувана од победникот (кој секогаш е објективен и релевантен), истата онаа историја која е подлежна на фалсификати и манипулации (видете ја бугарската и грчката историја). И значи авторката размислила длабоко и утврдела дека историјата која често е фалсификувана и препишувана е подобар и подоверлиз извор од ДНК анализа. Да напоменам само дека ДНК анализа е научен метод кој никогаш не греши, ниту пак дава грешни резултати.
Ама ете Благица го разбрала Саган, а очигледно разбрала и дека историјата не греши додека ДНК е подлежна на грешки.
Понатаму се исмејува со идејата ние како нација да се повикаме на ДНК анализа за да си го браниме потеклото, идентитетот и сл. Интересно. Технолошкиот напредок не доведе во ситуација конечно да имаме цврст доказ за нашето потекло и ние не треба да го користиме затоа што подобар доказ бил фалсификувана и препишувана историја (во прилог на ова и последното откритие во историјата: Колумбо всушност се викал Педро и не бил италијанец туку шкот кој се родил во Џенова). Ете како работи историјата. Ништо не е сигурно, ништо не е точно. ДНК анализа на друга страна е точна и прецизна. Нема сомневања, нема лажги, нема манипулации.
Имало наводно и контратеза која велела дека неможело со ДНК анализа да се утврдува потекло на народ зошто тој се мешал. Да, народи се мешаат ама не е баш дека 1000 македонци се земале со 1000 италијанки, а потоа тие направиле 2000 деца кои се земале со 2000 шкоти итн. Порано мешањето на народите не било толку интензивно. Гените се чудна појава. Мутираат но не се менуваат. Така вика и Оксфорд универзитетот (еден од најпрестижните образовни и научни институции во светот) чиво мислење за жал Благица не го ни прочитала. И така Оксфорд има исто така оддел за утврдување на потекло на народите со ДНК анализа, и види чудо тие откриле дека грците припаѓаат на суб-сахарска група на народи. Истото го имаат потврдено универзитети во Шпанија, УСА и други светски обрасовни и научни центри. Ама ете Благица се реши да ги отфрли години и години истражувања на најголемите светски универзитети.
Најтрагично во овој памфлет е тврдењето дека „Генеа“ ги темели резултатите на национални ниво преку испитување на само еден човек или неколку поединци. И во самата “Генеа“ имаат напишано дека застапаени се голем број на тестирани луѓе. Меѓутоа за жал Благица не се ни потрудила да прочита барем дел од страницата на Генеа каде што е доста детално објаснето што и како. Само кој да чита. Ама затоа Благица истрча со цитат од Саган кој всушност не го ни разбрала. Жалосно.
Самото тврдење на авторката дека историја е поверодостојна од ДНК е смешно и глупо.
Би ја повикал авторката да се запраша:
1. Дали историја е поверодостојна од ДНК?
2. Дали сите најголеми универзитети се глупи (затоа што истражуваат потекло на народи според ДНК анализа)?
3. Дали може да постои пита од јаболка ако не постои универзум?
4. (да го сменам прашањето бр3.) Дали може да постои Македонија без историја?
На крај би ја упатил авторката да ги прочита ставовите на Исак Асимов во книгата “Gold” каде што нашироко зборува за литературата, метафората, иронијата и симболиката во литературара, а воедно и остро ги критикува оние што литературата ја гледаат еднострано и сувопарно. Особено остро ги критикува оние што во литературата гледаат само зборови нагласувајќи дека најголемите автори создаваат литература која има две значења, односно приказна во приказна. Едно површно сфатливо за сите и едно подлабоко кое не е баш сфатливо за сите но предизвукува големо чуство на задоволство кај читателот кој го воочил и видел.
На крај би сакал да завршам со цитат од авторката: „Паметните мора да останат паметни и никако да не се помируваат и да и се прешуштаат на судбината. Тие секогаш мора да имаат контра прашања и одговори. Само така ќе се разликуваат од будалите.“
Tags: шпиц






Нема Одговор
Одговори на овој пост: