Шпиц
Шпиц, бесплатно потуркување на нечија агенда.
Да го цитирам Героски: „Ах, да, се сетив, имам кому да пријавам! Се сетив на моите колеги и пријатели интелектуралци, кои мислат различно од мене и кои во „Шпиц“ слободно и нецензурирано го изразуваат своето мислење, а ваму молчат за овој духовен терор каков што не сме виделе од ерата на Милоќевиќ. Еве, ним им го пријавувам случајот. Па да видиме…
п.с. Смрт на цензурата!“
Дефинитивно ги разбирам заканувачите.
Шпиц е дневен и бесплатен весник кој е бесплатен само затоа што треба да се протурка нечија агенда политичка, а ако тоа подобро да се направи ако не преку медиумите. Бесплатен весник е уште подобро. Така уште поголем број на читатели ќе бидат информирани за она што уредникот сака да ги информира и секако ќе им се потенцирање мислење онакво какво што уредникот сака да оформи кај неговите читатели.
Инаку тоа што не ги цензурираш ионака одбраните автори кои пишуваат поволни текстови не значи дека не цензурираш. Впрочем објавување на вести кои сакате да бидат прочитани и необјавување на оние кои не сакате да бидат прочитани може да се нарече цензура. Да, да, уредничка немилосрдна цензура која ја немало уште од времето на Тито.
Да не се лажеме.
Одиме понатаму, страна 5. Цитирам: „Последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц за решение за спорот со Грција, македонската интелектуална јавност го пречека со одобрување.“
Со одобрување? Ова го нарекуваш објективно новинарство? Реално? Јас колку што знам дел од македонската интелектуална јавност организираат протест против овој предлог. Цензура немало? Каде е мислењето на тој дел од македонската јавност во вашиот имбецилен дневник „Шпиц“?
Ајде, ајде, да не се лажеме дека твоите про-македонски чуства се всушност про-лични. На кој му одговара влез во НАТО под било кое име без разлика дали им одговара на македонците и Македонија? На моќниците! Само на моќниците и на никој друг. На капиталистите кои ги води профитот, а не она исконски македонското. Нив ги интересира само профит, кој влез во НАТО ќе им го осигура и зголеми па под кое име ќе бидеме ние не е воопшто важно.
Ајде, ајде, не сме деца да се лажеме.
Дека твојот (или чив и да е, не е твој ти си само пиун) весник е типична реклама за некого ќе дадеме и соодветен пример. Беше една студентка од Европски Универзитет на „Кој сака да биде милионер“ и врска немаше, па затоа токму вие Героски на насловна страна серевте против Евроспки Универзитет, против програмата, па што ги учеле - односно што не ги учеле таму, па тоа врска немало со Универзитет и слични глупости. Зошто глупости? Затоа што дотичната студентка не знаеше прашања кои се од општа култура и се учат до средно образование, па ако веќе требаше да се сере против некого тоа требаше да биде основното образование, но најмногу родителите. Впрочем на факултетите не им е ни задача да ги учат студентите на општо образование. Уште тогаш помислив дека ФОН има тука некое влијание, а подоцна 10 страни текст кои ги посветивте на ФОН и нивната програма сосема ме убедија во тоа. Студентката од ФОН што тресеше глупости и покажуваше елементрано непознавање на општо образование на истиот тој квиз воопшто не се ни појави во „Шпиц“. Зошто Героски толку серевте против ЕУ, а воопшто не серевте против ФОН? Дали затоа што се рекламираат кај вас или се на било кој начин поврзани со вас? 10 страни текст за нив ми изгледа повеќе од обична реклама на мене.
Да не се лажеме Героски. Не сум од ние глупи твои читатели кои можеш да ги вртиш како што сакаш и да им протукаш било каква информација, било чива агенда како што сакаш.
Уште кога излезе бесплатниов дневен весник напишав дека тоа е бесплатно перење мозок.
Понатаму Героски. Велиш уште од времето на Маркович немало ваков духовен терор? Доста веќе со манипулации и согледување на работитие онака како што ти одговара. Колку што знам Англија, Шпанија, Франција, па еве и Грчка сите тие се јаки европски држави, сите се во НАТО и сите доживуваат духовен терор. Видиш сите тие јаки држави си имаат организации кои не се закануваат туку се чекор понапред и поставуваат бомби. Ете видиш, големи и јаки држави доживуваат духовен терор (како што ти го нарекуваш) а никогаш не ни биле под Анте Марковиќ, Тито, или било кој друг сличен.
Геро, геро, да не се лажеме не сме деца, ниту сме кретени.
п.с. Смрт на цензурата!
Ама видиш, ти кога го викаш тоа звучи провоцирачки затоа што ти цензурираш бе геро, цензурираш со необјавување, а освен што цензурираш и лажеш бе геро.
Tags: grcija, makedonija, nato, героски, грција, македонија, нато, шпиц






Нема Одговор
Одговори на овој пост: