Фу(с)ере

Фуере не просветли. Вика типот кај нас се мешало име и идентитет. Идентитетот бил свет и тоа никој не сакал да ни го смени. Само името сакале да ни го сменат. Дека Фуере сере не е тешко да се заклучи. Се што треба да се направи е мал експеримент кој оди вака:

Шпанија - шпанци, Франција - французи, Германија - германци, Аргентина - аргентинци, Норвешка - норвежани, Шведска - швеѓани, Бразил - бразилци, Јапонија - јапонци, Кина - кинези, Ирска - ирци, Северна Ирска - ирци, Јужна Кореја - корејци, итн, итн, итн…..

Нема Македонија како име - нема македонци. На пример, Република Скопје - скопјани. Логично. Нема никој во светот жителите на Република Скопје да ги вика македонци. Сите ќе ги викаат Скопјани. Само една шака народ ќе се вика македонци ама што е битно како се викаат тие сами себе кога светот ќе ги вика скопјани. Името е идентитетот. Освен во моронски случаи како Брегот на Слоновата Коска кои имаат комплициран идентитет но сепак одреден од името на државата.

За жал има и македонци (пардон, скопјани) кои го делат истото име со Фуере.

Искрено, подобро БЈР Македонија отколку Република Скопје.

Околку географските одредици, Северна Македонија не е баш име што ни одговара. Незнам дали сте чуле за Северна Ирска, која е сеуште под окупација, да ја наречеме грубо, од Англија, ама затоа има и Република Ирска која е самостојна, независна и има желби Северна Ирска да и се придружи. Поуката од оваа Ирска приказна е: државите со географска одредица тежнеат кон приклучување на државите кои во себе содржат „Република“.  Македонија е Македонија, а Северна Македонија може да биде само дел од некоја Македонија која во случајов е провинција во грција. Резиме: Грција има Македонија, БЈР Македонија се прекрстува во Северна Македонија, логично Северна Македонија е северниот дел од грчка Македонија, впрочем зошто инаку би се викала Северна ако не поради тоа.

Северна Македонија е замка. Скопје е град, а не држава. Други избори? Други избори не гледам. Ако сакаме да бидеме македонци има само еден избор, ако сакаме да бидеме безличен народ тогаш нема некоја голема разлика помеѓу Скопје, или Северна, или Горна или Нова.

Прашање е само дали можеме без идентитет или без ЕУ. Прашањето е секако реторичко….. како за кого (за жал).

Tags: , , , , , ,

1 Одговор

Готварче

Април 13th, 2009 во точно 09:00    

avatar

Во Античка Македонија постоеле горна (северна) Македонија (планините) и долна (јужна) Македонија (морето). Доколку денешната Македонија, тгаш Егејска Македонија е јужна. Сепак, ова е Македонија, ни јужна ни источна, па ни северна.

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL