Теорија за вокабуларот
Имам една теорија која се однесува на вокабуларот на луѓето која веќе оддамна сум ја поставил меѓутоа само еднаш сум ја напишал и тоа на форум.
Теоријата е доста едноставна и оди вака: Личности што користистат софистицирани зборови се всушност глупи, а учат и потоа користит софистицирани зборови во надеж дека ќе ја прикријат својата глупавост преку софистицирано изразување. Веруваат дека доколку кажат некој „неразбирлив“ збор ќе делуваат паметно. Сакаат да предизвикаат воодушевување кај соговорникот со употреба на неразбирлив речник за да создадат слика на интелектуалец, човек кој знае што збори, иако во повеќето случаи кога сум разговарал со ваков тип на „интелектуалци“ сум се изнаслушал глупости (од типот „Историја е глупости“, „Ништо не може да се научи од таа наука“ и слични глупости кажани софистицирано). Впрочем, сигурен сум дека, и Фројд би се согласил со ова.
Како што еден гениј (Леонардо да Винчи) кажал „Едноставноста е ултимативна софистицираност.“(Simplicity is the ultimate sophistication. by Leonardo da Vinci)
Впрочем најголемите умови на светот секогаш користиле „прости“ зборови за да кажат што мислат на дадена тема. Ниту Ајнштајн, ниту Леонардо, ниту било кој друг интелектуалец не користел „интелектуални“ изрази за да се изјасни.
Зошто?
Едноставно нели, затоа што едноставноста е ултимативна софистицираност. Не е тешко да земеш речник и да набубаш 10.000 „интелектуални“ зборови. Многу потешко е да размислуваш и да успееш едноставно да ги употребиш оние зборови што се користат во секојдневниот речник. Исто така тука е секако и факторот време, односно како што јас сакам да го викам факторот „губење време“. Искрено според мене губење на време е да научиш 10.000 зборови што во реалност ги разбира само 10 % од популацијата. Особено ако се знае дека таа популација е „wannabe интелектуалец“.
Сето тоа страшно ме потсеќа на: „Глеј колку сум паметен - знам повеќе зборови од него.“ или во нивен стил кажано „Глеј колку сум елоквентен, софистициран, динамичен и со возвишена дикција“ или како што јас милувам да кажам “Звучам важно и паметно и кога раскажувам порно филм“.
Па, држи теоријава вода или?
Tags: вокабулар, интелектуалец, интелектуалци, историја, луѓе, речник, теорија






Нема Одговор
Одговори на овој пост: