Телеком

Телекомот кај нас долги години ја искористуваше монополската позиција за да не дојде до либерализација на пазарот. И сеуште го прави тоа. Нема либерален пазар, нема пониски цени, нема подобри услуги.

На запад, каде што се стремиме да одиме, имаше два случаи каде монопол беше казнет поради искористување на својот монопол за уништување на конкуренцијата. Microsoft прво го изгуби случајот во САД, а потоа си доби казна и од ЕУ. 600 милиони евра беше приморан да плати во Европа, а за во САД не ми текнува баш колку беше казната.

Зошто кај нас никој не го казни телекомот? Затоа што кај нас владата неможеше од телекомот да си ги наплати парите кои им следуваа како акционери таму, а не пак да го казни дополнително. Која влада во светот ќе дозволи фирма да не и плати? Нашата секако, и онаа на Уганда, Белизе, Непал и други просперитетни држави.

Tags: , , ,

Нема Одговор

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL