Стиховен калибар

Револуција сега,
калибар стихови пукам
капиталист, комунист
по нив јас плукам.

Маркс не сум го читал,
за Тито сум чул јас,
тој комунист се викал,
и го бие зол глас.

Абе човек,
јас незнам да рапувам,
а и немам добар глас,
ама Маркс сум го читал,
кажувам на глас.
Тито владеел тука,
и го бие лош глас,
ама напишал Маркс,
во комунизам НЕМА ВЛАСТ.

Стереотипи, незнаење,
така се останува на власт,
манипулација и дезинформации,
за секого од вас.
Не читајте изворно,
читајте од нас,
затоа што ние сме тука за вас,
вашата власт.

Револуционер голем,
не е комуњар,
не е капиталист.
Хм, дали е феудалец,
или анархист?

(Незнам колку знаете ама, голем дел анархисти го сметаат Маркс за најдобар анархистички теоретичар, а за феудализмот - се надевам - не треба да објаснувам)

Револуција, сега,
само незнам зошто…

Песнава е инспирирана од стиховен калибар, поточно од неговите анти-комунистички ставови, пред се затоа што информациите за комунизмот му се од разни извори, а ниту еден од нив не е оригиналниот извор (карл Маркс).  Интересно е како Маркс го гледа комунизмот како општество во кое нема влада, нема лидер, додека анти-комунистот Стиховен Калибар го гледа како 100 милиони жртви од комунистички влади. Ја гледате контадикторноста на ова? Комунизмот нема влада (од една страна) и комунистички влади (од друга страна). Значи нешто не е во ред. Комунизам нема влада. Ако комунизам нема влада значи овие таканаречени коминистички влади не се комунистички. Сето тоа е малку коплицирано. Некои држави го искористиле комунизмот за да дојдат до власт, и се нарекувале себе си комунистички меѓутоа таму владеел државен капитализам, затоа што во комунизам нема владеење нели. Од трета страна ги имаме капиталистите кои се исплашени од глобално комунистичко движење според идеалите на Маркс (на пример хипи движењето) створаат приказна за комунизмот, го забрануваат, го сатанизираат.

И така во денешно време преовладува една изместена слика за комунизмот, што е голема штета за човештвото воопшто, затоа што во суштина комунизмот е најхумано и најидеално општество кое човекот може да го достигне (следен чекор после комунизам би бил човекот да евоулира во енергија).

Како би изгледал комунизам може да видите во документрниот филм “ZEITGEIST: ADDENDUM” кој може бесплатно да го гледате/симнете на интернет. Првиот дел од документарниот филм е критика на капитализмот, а во вториот дел е прикажан Проектот Венера како замисла и начин на функционирање. Проект Венера е само ново име на комунизам/анархија кое сега за сега не е сатанизирано, и чудно креаторот е сеуште жив и здрав.

Интересно во овој случај е што  дечкото кој се нарекува себе си Дон Кихот е всушност типичен Санчо Панса.

п.с. Некаде неможеш да бришеш.

Tags: , ,

7 Одговори

gangy

Мај 25th, 2009 во точно 01:30    

avatar

a koj si ti ustvari da kazuvas na neciv stav i miselnje u zivotot… zatoa zatni si ja ustata i brisi postov oti na stihoven kalibar kako covek mozebi ne si mu ni do kolena ne jadi gomna za covek koj ne go poznavas moj sovet zatoa daj otkaci se… ili nemas druga rabota pa aj ke jademe gomna za drugi hahahahahhah

Revolucija.org

Мај 26th, 2009 во точно 15:52    

avatar

Јас сум си јас и како слободен граѓанин имам право да кажам што мислам, а ако некој греши имам право да му ги посочам грешките на начин кој што јас ќе го одберам.

Не е битно колку го познавам јас стиховен калибар, ниту колку е тој голем по раст.

Дечкото има извитоперени гледишта на комунизмот, а истото е и со атеистите, односно атеизмот.

Пред некој месец дечкото плукаше и навредуваше атеизам само затоа што тој сакал црква на плоштад, а некои атеисти протестирале против тоа. Како прво и основно ако веќе сере треба да знае по што сере. Сите атеисти не беа да протестираат на плоштад, а генерализирањето воопшто не му беше од помош. Освен тоа што мене лично ме навреди како атеист (иако воопшто не ни бев на тој протест) ме навреди и како комунист.

Да, гледаш навредливо е да плукаш и сереш по некој, особено кога не знаеш по што плукаш. Дечкото освен што не знае што е комунизам, и што е комунист се дрзнува да користи слика од Че (фотомонтажа - на слика од Че стои неговата фаца) за да се претстави како револуционер што е смешно затоа што Че е комунист. Уште посмешно е да викаш револуција ама да не знаеш каква револуција сакаш и зошто. Во ред е да си против ова, против она, ама глупо е да си против тие системи, да се бориш да ги симнеш, а да не знаеш со што би ги заменил.

Уште тогаш на неговиот глуп пост му бев напоменал дека генерализира и дека покажува елементарно непознавање на одредени општетсвени уредувања. Калибар ме избриша, а фактите се реши да ги игнорира.

Не сум јас крив што тој за комунизмот има грешна претстава. Не сум јас крив што за суштината и идеалите на комунизмот се информирал од капиталистички и социјалистички извори кои за жал се далеку од точни.

Уште тогаш му кажав да не ја повторува истата грешка и да прочита за комунизмот изворно од Маркс пред да се бламира друг пат, но за жал дечкото или не знае да чита или не сака да чита.

Ако сака да продолжи да живее во заблуди, и стереотипи бујрум нека си живее, јас немам проблем против тоа. Негов избор. Само се додека тресе глупости на теми кои ги сметам од голема важност за човештвото воопшто - ќе генереира вакви одговори и постови.

п.с.1. Немам јас ништо лично против никој, единствнео ме нервираат глупости, лаги, а особено квази-интелектуалци кои се дрзнуваат да нарекуваат некого „прдало“ без вистински аргументи, користејќи стереотипи, лаги и невистини. Кратко кажано, јас серам против човечката глупост.

Уште поглупо е да се нарекуваш себе си Дон Кихот, а да немаш појма што е кихотизам, што претставува Дон Кихот… ама најглупо е да се нарекуваш Дон Кихот, а да се однесуваш како Санчо Панса.

п.с.2. Погледни ги текстовиве на блогов. 90 % од нив се напади на човечката глупост, без разлика дали се манифестира преку стиховен калибар, геровски, владата на Македонија, итн… Може да се каже дека хоби ми е создавање на непријатели.

И едно прашање, поточно две: Кој му даде право на стиховен калибар да плука и навредува атеисти? Кој му даде право да сере против комунизам без да знае што значи комунизам (ова е дефинитивно најглупото нешто што човек може да го направи)?

Marat

Јуни 12th, 2009 во точно 01:31    

avatar

:) Добар си Револуција… Туку дај да се договориме околу тоа да го пренесеме Марксовиот Капитал на мак. јазик во електронска верзија, засега сме двајца во согласност. Пристапуваш?

Revolucija.org

Јуни 14th, 2009 во точно 14:51    

avatar

Уф, многу страници за преведување, ама би помогнал колку што можам.

За таква работа треба скенер и софтвер за препознавање букви што го префрла скенираниот текст наместо во слика директно во текст документ. Има едно добро парче софтвер кое работи и со македонски јазик, ако ви треба ќе се потрудам да го најдам.

Поздрав

Marat

Јуни 16th, 2009 во точно 03:17    

avatar

Марксовиот Капитал, први том, е во издание на Мисла Скопје 1975 год., така што нема потреба да го преведуваме (исто така и втори и трети том). Оди во блиска библиотека и провери дали го има ова издание за да почнеме со отчукувањето. Засега сме само тројца, кои пристапивме за да направиме електронска верзија на Капиталот на македонски јазик, доколку пристапиш и ти со отчукување дел од ова дело, работата многу ќе ни се олесни, па за кратко време ќе го отчукаме. Првиот том од ова издание содржи 879 страници. Според тоа, секој од нас ќе има да отчука по 219 страници. Откако ќе завршиме со ова, можеме потоа да го префрлиме текстот во ПДФ формат кој ќе се отвора со Адобе Реадер на пример. Во меѓувреме ќе барам уште луѓе кои ќе пружат помош во остварување на овој проект. Другарски поздрав и извини што ти пишувам после два дена, бидејќи имав некои приватни обврски.

Revolucija.org

Јуни 16th, 2009 во точно 21:57    

avatar

Штом го има на македонски има далеку полесна солуција.

http://en.wikipedia.org/wiki/Optical_character_recognition#OCR_software

Имено станува збор за софтвер кој од слика (добиена со скенирање или со фото апарат сеедно) ги препознава карактерите и текстот го префрла во текст документ.

Значи не треба пишување, треба скенирање.

Има 3 програми кои препознаваат македонски јазик (FineReader OCR, Readiris, Omni Page), од кои ниту еден не сум тестирал но сигурен сум дека барем 1 од нив ќе си ја врши работата како што треба.

Е сега, јас немам ниту скенер, ниту дигитален апарат (не сум љубител на сликање), а и не сум во можност да пишувам (не дека не сакам) но се надевам дека помогнав со информациве за OCR софтвер.

За креирање на ПДФ, на пример, може да го користите CutePDF, тоа може да го направам, како и припремата (форматирање на текстот и слично).

Јас на ваше место би направил Капиталот да биде достапен во повеќе формати txt, pdf, doc, rtf.

Ако може уште сега би резервирал една копија, по можност во txt и pdf формат (пдф и не мора, сам ќе направам), затоа што txt ми е многу поедноставно, побрзо и полесно, додека pdf го користам само за принтање.

Поздрав

Мара

Јуни 21st, 2009 во точно 01:43    

avatar

Ти благодарам за сугестијата Револуција.

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL