Окно
Окно, како што велат, е независен портал кој демек ќе бил македонски, па како Миладинови ќе собирале македонски дела.
Арно ама имаат еден проблем. За да бидат македонски, и за Македонија прво треба да бидат независни, реални и објективни. (Или Скопски пошто никој на Окно не најде време на напише нешто за држаните интереси, како името на државата, идентитетот на народот, За Македонцките работи не им се пишува, зошто се прашувам. А и да пропагираат неменливост на име и идентитетот не е лошо зш тие се национални интереси бр 1, нели ако нема Македонија нема ниту македонски мудрости итн.)
Ако не се - тогаш арно на Македонија не и мислат.
Следнава анкета докажува дека или се местачи на анкети, или нивниот портал е составен и посетен само од една структура на граѓани кои за жал се политички ориентирани. Отиде назависноста во вода.
Анкетата:
Во вториот круг на претседателските избори ќе гласате за:
Ѓорге Иванов 23%
Љубомир Фрчкоски 52%
Сеедно ми е 5%
Нема да гласам 20%
Вкупно гласови: 147
Јас не симпатизирам никого, всушност јас сум од оние кои нема да гласаат.
Ама дека 52 % од луѓето ќе гласаат за Фрчко, додека за Ѓорге само 23 % е крајно смешно и несериозно.
Анкетава е или наместена или Окно има посетители кои се активисти на партија, во овој слчај на СДСМ. Жалосно.
Ќе речете, ама анкетава можи не е наместена. Можи овие не се СДСМ-овци кои пишат шо ќе кажи овчарот.
Па погледнете ја содржината на целиот сајт. Денес тепачка почнале ВМРО-овци викаат. В ред. Потоа имаат гафови од претседателски говори, само на Иванов, демек Фрчко не тресеше глупости. Потоа имате изјава на некој странец кој што вика дека Грујо е пропаст за Македонија. Реално и објективно. В ред. Ама тоа значи реално и објективно и кога СДСМ е во прашање, а јас на Окно видов само анти-ВМРО текстови, цитати, тврдења. Демек СДСМ нема за што да се критикува. Ц ц ц.
Тешко со вакви (не)зависни портали. Како да читам официјален партиски портал на СДСМ.
Туку да го пофалам офчарчето кое стана оФца. Конечно си праша колку високо треба да скокне, за негово добро нели…..Мењај банер оФцо, з’ш смешен е во ваква ситуација. Те стрижат како оФчичка, прашањето е само дали ти си им допуштил или воопшто не си ни приметил.
На здравје.
п.с. Инаку сум против градење на било какви објекти на плоштад. На поштад се ставаат споменици, а не цркви и трговски центри. Ама ај да си ќутам зошто гледам некои ако си против градба на плоштад ќе те оквалификуваат како комуниста. Што и сум ама комунист Марксист, не од Бихачка, туку оној вистински како што Маркс кажал. Комунизам = немонетарен систем, без влада, без лидери, без граници, без религии. Таков комунизам немало па ќе ги замолам сите блогери за опис на кумровачка школа да не користат називи како „комунисти“ затоа што тие не се комунисти. Читнете го Маркс за да ви се разјасни подетално што е комунизам или кликнете ТУКА за пократко.
Tags: окно






Нема Одговор
Одговори на овој пост: