Неженети, немажени, абортуси…
<strong>Данок за неженети и немажени:</strong>
Фино закон ваков ама нели прво треба да легализираат геј бракови за да може ова да функционира?
Или владава ќе биде хитлеровска и ќе реши дека во оваа држава нема геј личности, а тие што ги има ќе бидат подвргнати на доживотно плаќање на данок кој не би требало да го плаќаат затоа што во државата нема услови (не е законски регулирано) за да може да го почитуваат тој закон.
Како што слушнав станува збор за некои огромни годишни даноци кои ако луѓето ги платат има голема шанса да останат на улица, а не она што сака да го постигне владата: да направат свадба.
<strong>Абортус во илегала:</strong>
„Абортусот е убиство“ - вика црквата, викаат религиозните фанатици, викаат некои без 2 грама памет во главата. Ама истите тие (добро де, не сите ама повеќето) во ситуација кога нивната малолетна ќерка би останала труд… упс им се извинувам, бремена, тогаш истите тие најголеми противници на абортусот ќе бидат први кои ќе сакаат нивната малолетна ќерка да абортира. Тогаш ќе бидат разумни и ќе кажат дека дете неможе да чува дете. Дека прво треба да заврши задолжително средно образование, па потоа треба да заврши факултет или да најде работа, за да може да воспитува и прехранува дете. Ама не. Полесно е да вика по малолетно девојќе дека е убиец. Прашање е колку во тој случај абортусот е убиство. Дефинитивно малолетно лице неможе да одгледува дете. И моралното прашање би било: Дали треба да се уништат 2 (евентуално и повеќе во случај на близнаци, тројка или повеќе) животи за да се оправда слоганот „Абортусот е убиство“? Животот на малолетната родилка дефинитивно ќе биде упропастен, а исто и животот на бебето или не дај боже бебињата. Ама полесно е да се вика „Абортусот е убиство“.
Знаете ли што ќе направи бремена малолетничка во држава каде абортусот е илегален? Ќе абортира нормално. На диво. Попат можеби ќе го изгуби и животот или ќе ќари некоја инфекција.
Или да бидам малку погруб: Во општество каде децата почнуваат да се ебат од 14 години да забраниш абортус е лудило. Исто, или уште полудо е да викаш „Абортусот е убиство“.






Нема Одговор
Одговори на овој пост: