Национална стратегија и интереси

Национална стратегија и интереси ќе беше добро да имаме како држава. За жал Македонија нема ниту Н од национална, а за С и И подобро ниту да не се зборува.

За да се има држава, напредна, треба да се биде националист. Глупости е да се збори за либерализам кога ниту еден од комшиите не не признава. Глупо е да се збори за либерализам во светот кога една Франција, на пример, важи за една од најлибералните земји во светот, но затоа е и една од најнационалистичките земји, впрочем дури и кај нас има Франкофонија, имаме и радио и телевизија франкофонски, ден на франкофонијата, и државјанства француски за македонски франкофони кои одлично говорат француски. Ако тоа не е национална стратегија тогаш незнам што е национална стратегија.

Ние како држава дозволуваме на наша територија да не ословуваат како ФИРОМ. Грчката фабрика на кри-кри во Куманово, на пример, на своите производи пишува дека се произведени во ФИРОМ. Тоа е недозволиво. Една инспекција, и донесување одлука. Кри-кри нема да работи се додека не почне да пишува на производите дека се произведени во Македонија. Епа нема да дозволат да губат кеш. Сакааа-несакаат, ќе почнат да пишуваат Македонија, ако не, може слободно да ја продадат фабриката и да си заминат од државава. Извинете атињани ама ако сакате бизнис во Македонија ќе имате бизнис во Македонија. Од Атина викајте не како сакате, ама дома.

Tags: , , , , , ,

Нема Одговор

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL