Македонија

Најновиот предлог - Северна Македонија.

„Ситни“ промени во уставот, преименување на македонците во северно-македонци.

Нови пасоши, лични карти, Фудбалска Федерација на Северна Македонија, натпревар Шкотска - Северна Македонија, навивачите малубројни северно македонци.

Озборувања, муабети, шпекулации, дури и реферндум на основа на шпекулации.

Јас како МАКЕДОНЕЦ барам да знам што точно е понудено и за што ние мислиме да правиме референдум? Како да гласам на референдум кога не знам информации. Сакам да знам за потпишување на што јас всушност гласам. Ако веќе потпишувам на референдум сакам да си прочитам што потпишувам. Да знам дали мене ми се исплати или не. Политичарите го сведуваат вниманието само на името, во јавноста никој не знае што пишува во тој документ.

Не знам за вас ама јас како македонец сакам да знам што е понудено и мислам дека имам право да знам што е понудено, за да можам да си изградам став кој би го искажал на евентуален референдум.

Се разбира, договорот би требало да биде објавен од страна на владата во медиумите. За такво прашање манипулирање со јавното мислење(како што е сокривање информации, нецелосна презентација, лажење и сл)  е предавство. Кое (без разлика што денес не размислуваат за тоа)  за еден век историјата ќе си го третира адекватно… ако не ги истретира народот, секако. Револуции се случувале, само кај нас тешко зошто овој народ последниве 50 години е научен на контрола, титова контрола која одбележа неколку генерации,  и ги направи луѓето плашливи. Не одам на штрајк - ќе летам од работа. И тоа е идеологијата што ја движи масата. Жалосно, нели?

Македонија треба да бара двојна формула. Светот нас нека не вика Македонија (или тие што не признале), а грција може да не вика како сака.

Или, ако не двојна формула,  единствено име кое не менува идентитет е Демократска Република Македонија.  Со такво име остануваме македонци затоа што демократска е само опис на уредувањето, не е географски, и не може да се употреби за означување на идентитет. Така би останале македонци, меѓутоа ова грција нема теорија да го прифати.

Сепак реалноста е мошне едноставна. Грција има покраина Македонија и сака екслузивно право на зборот Македонија. Македонци се грците од грчката покраина Македонија, додека фиромците се нешто друго. Тоа е грчката страна. И тие сакаат компромис се додека тоа нивното се прифати. Односно се додека ние не прифатиме да ме сме „северно македоци“ или „горно македонци“. Тоа е грчката страна. Македонија е грчка! Тоа е нивниот рекламен слоган.

Нашата страна за разлика од грчката е мошне комплицирана. Знаејќи ја грчката страна самиот чин на преговарање е своевидно предавство. Ако се чуствуваш како МАКЕДОНЕЦ, зошто воопшто одиш на преговори за менување на идентитет? Поради нато и еу? А што со Македонија? Зошто не поради Македонија? Поради зачувување на Македонија, и македонецот ние избираме да излеземе од преговори и да го пролонгираме влезот во НАТО ЕУ. Не е дека не сакаме во НАТО и ЕУ. Сакаме. Ама повеќе сакаме Македонија, македонец, македонско.  И тоа треба да биде наша национална политика и наш национален интерес. Затоа што ако нацијата не е национален интерес тогаш не знам што е.

Tags: , , , , , , , , , , ,

1 Одговор

Роберт

Април 17th, 2009 во точно 16:47    

avatar

Добар текст. Македонец се пишува со голема буква.

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL