Индијана Џонс (младиот)

За почеток едно видео од Индијана Џонс кое многу е понепознато од филмовите.

Young Indiana Jones или Младиот Индијана Џонс е всушност сериски филм, а го прикажуваат Инди во времето кога бил само копиљ (9-10) години, и потоа времето кога бил малку повозрасен (од 17 до кај 20 години). Сериските филмови се по 50 минутии во нив всупност стариот Инди (90 години) раскажува за годините кога бил млад, а во една епизода гостува и Харисон Форд (како 50 годишен Инди) кој раскажува за годините кога свирел саксофон.

Овие серии, за жал, нема да можете да ги најдете никаде. Меѓутоа затоа можете да ги најдете ре-едитираните серии кои се објавени по хронолошки редослед. Единствената разлика е што во ре-едитираното издание воошто не се појавува стариот Инди.

Вкупно има 22 епизоди, секое со времетраење од 90 минути. Во суштина многу се поразлични од филмовите за Инди, прес се затоа што во овие серии фантазија воопшто нема, освен во една епизода каде Инди се сретнува со Дракула, во Трансилванија секако.

Сите епизоди се со сериозна содржина, освен една, која е воедно и мој фаворит. Епизодата се базира на делата на Кафка, но не само што се базира на нив туку е и комплетно изработена во сличен стил. Во неа младиот Инди се запознава и со славниот Франц Кафка.

Младиот Инди е воедна единствен филм/серија која освен што е забавна е и многу едукативна. Впрочем според мое мислење ова е наједукативниот филмски серијал некогаш направен, а поедукативен е и од 99% од филмовите некогаш направени (освен тој 1 % кој отпаѓа на историски филмови).

Во секоја епизода Инди се запознава со разни историски личности, претседатели, философи, социолози, писатели, поети, драматурзи, шпиони, борци за права на жените, црнците, музичари, сликари, научници и слични познати личности. Меѓутоа не се само ликовите едукативни, туку и историските случувања кои се случуваат.

Да набројам само неколку ликови: Рузвелт, Пикасо, Дега, Хемингвеј, Пучини, Фројд, Едисон, Кришнамурту, Панчо Вила, Черчил, Ентони Фокер, Ленин, Црвениот Барон, Хо Чи Мин, Роберт Годард* дури Инди ќе ја ќари и Мата Хари.

За снимање. нормално торент.

И тоа 4:3 формат ТУКА, а 16:9 (ДВД) формат ТУКА.

* Robert Goddard или како што го викаат Mr. Rocket Science. Интересно е што овој пионер во правење ракети, прв почнал да прави ракети со течно гориво (какво што се користи денес). Добил инспирација на 16 години кога ја прочитал „Војна на световите“ од Х.Г. Велс. Меѓутоа најинтересно во неговиот случај е тоа што бил критикуван заради својата работа и визии (имено кажал дека човекот со ракети еден деќ ќе излезе во вселената, а потоа ќе стигне на месечината, а зошто не и на Марс) од скоро сите медиуми и останати научници во областа. Поради тоа Роберт изгубил доверба во луѓето и понатаму продолжил да работи сам. 50 години подоцна човекот летна во вселената, најмногу по негова заслуга.

Интересно е како неговата генијалност била опишувана како лудило.

Tags: , , ,

Нема Одговор

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL