Инвестиции
Кога бев дете незнам што ми текна да собирам стари пари. Имаше на плоштад еден чика кој продаваше разно-разни старини меѓу кои и стари банкноти и монети. И така со моите 16 години и заштедени 100 германски марки (порано втора национална валута беа марките - како што се денес еврата) отидов кај чиката и изнакупив еден куп банкноти. Ќе купев и монети да не беа премногу скапи. Да знаев колку чиката ја имаше лошо проценета вредноста на банкнотите ќе купував цело време. Ама во тоа време интернетот не беше толку развиен (впрочем прв пат интернет ставив 1 година потоа) а ни на крај памет не ми текна да проверам колку банкнотите навистина вредат.
Се покажа дека за 100 марки (50 евра) сум купил банкноти со вредност од 1000 евра. Повеќето со цена од 4 до 10 евра меѓутоа и ретки бисери со вредност од 50 евра за една банкнота.
Штета што проверка направив многу покасно (сега) и го побарав (и најдов) чиката со спремен кеш ама цените беа регулирани и воопшто не ми се исплатеше да му изнакупам еден куп пари и потоа да ги продадам на интернет.
Кој да знаел на времето… не знаев ниту јас, ниту чиката од кој ги купив. Јас заработив 950 евра, а чиката изгубил 950 евра само од мене.
И сега наместо да славам за лесно заработени 950 евра јас тагувам затоа што поради неинформираност изгубив илијадници евра.
Ете колку вреди информацијата и знаењето.
Tags: банкноти, стари пари






Нема Одговор
Одговори на овој пост: