Избори 2008
Победа на ВМРО која воопшто не ме изненади. Јас додуша не гласав затоа што бев далеку од избирачката единица во која што треба да гласам. Како и да е, мислам дека победи подобрата опција. Не дека е премногу подобра ама барем нешто почнаа да прават па добро што народот им даде уште 4 години. СДСМ веќе имаа 12 години на раполагање во кои успеаа да направат многу за себе и и многу полошо за народот кој и овие избори ги казни.
Што очекуваа со глупа кампања во која прво ветување им беше „за 6 месеци во ЕУ“ што се коси со секоја логика и разумност. Барем да кажеа кој им е планот што ќе ја однесе Македонија во ЕУ и НАТО за само 6 месеци за да можат луѓето да гласаат за нив. Одговорот во рекламниот спот беше видно потценувачки, и крајно глуп. Ако мислеа дека одговориле со покажување на книга и зборење „Ова е програмата што ќе не однесе во ЕУ и НАТО“ тогаш многу се излажаа а тоа го потврдија и самите гласачи.
Tags: 2008, вмро, еу, избори, кампања, македонија, нато, политика, политичар, политичари, сдсм






Нема Одговор
Одговори на овој пост: