Зошто - затоа

Следните зборови се прво напишани на англиски, потоа на македонски и на крај на хрватски. Поентата подоцна.

Computer - Компјутер - Рачунало

Hard Disc - Харддиск - Тврди диск

Microscope - Микроскоп - Ситноглед

Aeroplane - Авион - Zrakoplov

Keyboard - tastatura - tipkovnica

January - Јануари - Sijechanj

April - Април - Травањ

Magic - Магично - Чаробно

Мом - Мама - Кева

Shopping - Шопинг - Куповина

Gеrman - Германец - Немац

Тyping - куца? - типка

helicopter - хеликоптер - вјетромлат

Regional - регионален - zavicajni

Market - Маркет - Trzishte

Checkbox - ???? - kvadratif

Поентата е следнава. Англичаните/американците си имаат добар јазик, си имаат свои зборови (еден од примерите потекнува од латинскиот). Хрватите исто така си воведуваат свои зборови, а ретко прифаќаат англицизми.

Македонците сакаат да се фалат дека словенскиот јазик потекнува од тука ама затоа имаат еден куп турцизми, и уште еден куп интернационализми. Впрочем не се сеќавам дека во овие скоро 20 години независност е воведен некој нов македонски збор. Нови има секако ама сите тие се интернационализми. Имаме хардискови, компјутери, калкулатори, ама немаме македонски зборови.

Се додека не почнеме да си ја сакаме државата како што си ја сакаат хрватите на пример, се додека не почнеме да си го сакаме јазикот (како што хрватите си го сакаат) нема да имаме држава за респект. Ќе бидеме ФИРОМ, а за една деценија може нема ни да бидеме.

Ама најтрагично е што кај нас сите им се смеат на хрватите, демек тие биле глупи што воведуваат нови хрватски зборови. Ете тоа е. Тие што си го збогатуваат сопствениот јазик се изложени на потсмев и се сметаат за глупи. Ние сме паметните. Ај сега ќе одам во шопинг, ми снема цигари, а подоцна да пополнам една апликација за работа, на крај ќе седнам на компјутер, да одтипкам (типка не е наш збот, по пат кажано) еден текст. Него требаше да објаснам за чекбокс на еден човек, има некој идеја како (не сакам да му викам „тоа квадратчето таму, е тоа кликни го“?

Туку јас колку што знам си имаме ние македонски имиња на месеците, слични како оние хрватските ама за разлика од нив ние не ги употребуваме. Давам 100 евра на тој што знае кој месец е цутар, а кој месец жетвар. Имињата се доста описни и логични.

Tags: , ,

1 Одговор

Готварче

Април 13th, 2009 во точно 08:55    

avatar

Во право си, ама ова сум го кажал и на друго место..

Еве ги спомна хрватите па ќе почнам со нив. Они се познати по тоа што се борат за зачувување на нивниот јазик, но кога ќе чујам „френдови“ по хрватскине серии ми се повраќа. Или како што спомна, бај д веј.

Повраќам!

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL