Закон за денационализација

Новиот закон за денационализација кој го подготвува владата на РМ веќе наидува на отпор. Имено вчера во реклама за Чуму, каде што тема ќе биде токму овој закон, видов како еден тип кажува дека тоа не го бива, тоа било отварање на пандорината кутија.

Нормално е дека лоповите кои од пари на народот изнакупија станови, коли, изградија викеници, куќи, и што уште не, нормално е дека ќе бидат против законот со кој може да им се одземе она што криминално и незаконски го стекнале, на овој или оној начин.

Впрочем, според мене, противниците на овој закон треба први да се испитаат, затоа што ниту еден нормален и чесен човек, жител на оваа држава нема да биде против законот со кој на криминалците ќе им се одзема имотот.

Сега за кражба на 10 милиони евра државни пари се лежи 1-2 години затвор, а потоа по излегувањето се живее комотно и луксузно со 10 милиони евра. Тоа ли е демократија?

Сега во оваа држава 50% од бизнисот го водат криминалци, затоа што нели парите со кои почнале бизнис се државни крадени пари, или добиени од народот со искористување на позицијата. И се прашувам (а ги прашувам и сите противници на овој закон) каква држава ќе се изгради во која најголемите бизнисмени се криминалци? Мафијашка секако.

И ќе повторам уште еднаш, овојпат како апел, предлог до оваа влада, законот да се донесе што побрзо, а противниците на овој и те како потребен закон први да се испитаат, затоа што по здрава логика оние кои се против законот се загрозените од овој закон.

Што се нема да чуе човек во оваа држава.

Tags: , ,

2 Одговори

mark

Април 16th, 2009 во точно 00:23    

avatar

I bookmarked this site, Thank you for good job!

Tamiflu

Мај 2nd, 2009 во точно 00:49    

avatar

Great site, Good info

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL