Да се пие или не

beer-glassТрговците, кои во своите дуќани ќе продаваат алкохолни пијалаци, ќе треба да извадат лиценца во Министерството за економија која чини 20.000 денари, а ќе важи две години. Алкохол нема да може да се купи на бензинските станици, киосците, пазарите. Со новиот закон ќе се забрани и продажбата на алкохол од 19 часот навечер до 6 часот следниот ден. Прекршителите ќе се казнуваат со 300 евра казна. Ќе се санкционираат и родителите доколку нивното малолетно дете биде фатено како купува алкохолни пијалаци. Граѓаните се надеваат дека конечно ќе се воведе ред.

Хипотетички: Ми доаѓаат гости во 19:00 часот. Немам никаков алкохол дома и се решавам да одам во продавница да купам вино или пиво за да ги послужам гостите. Најблиската лиценцирана продавница се наоѓа на 5 километри од мојот дом. Одам пет километри и таму ми викаат дека веќе е 19:30 и јас не можам да купам никаков алкохол. Да ми извините на речникот ама ова е срање. Алкохол треба да се продава секаде и во секое време! Ако веќе сакаат да ги заштитат младите нека казнуваат за продавање алкохол на малолетници и за пиење на јавни места. Нека почнат од градски парк каде што 10,000 малолетници пијат алкохол секој ден.

Пијана работа: Со новиот закон само ќе се постигне омладината да почне да пие порано, наместо од 21:00 сега ќе почнат да пијат од 18:30. На здравје!

Наместо „на здравје“ јас повеќе практикувам да наздравувам со „За арно, за убаво“ ама овој закон не е на арно а уште помалку е на убаво. Можеби општоприфатениот србизам „Живели“ повеќе одговара во оваа прилика.

Tags:

Нема Одговор

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL