Граѓани за Европска Македонија
Очигледно е дека овие се залагаат за менување на името во Европска Македонија. Впрочем така и им се вика ова организацијава нивна.
Да видиме што вика нивниот манифест (само делови, не осеќам потреба да го читам цел).
„Денес над Македонија не се раѓа сонцето на слободата. Денес сонцето ни заоѓа. Станува мрачно и мрак не обвива.“
Буахахаха….. Од луѓе што сакаат да сменат име на држава многу често го користат (пишуваат) името што сакаат да го сменат.
„Почитувани граѓанки и граѓани,
Вие што сакате да живеете во европска, а не во некаква си неолитска, библиска или античка Македонија, придружете ни се во борбата против окупаторите на нашата свест и совест! “
Пази ова, повторно го користат името Македонија. Овојпат Европска. Дали е тоа нашето ново име? Европска Македонија (Скопје)?
Јас сакам да живеам во Република Македонија. Каква таква ама Република Македонија.
Ако веќе сакаат да се борат против окупаторите бујрум нека земат оружје и правец Грција.
„Драги граѓани и граѓанки,
Ние не сме наивни! Не пиеме „грчка“ нафта ниту пиеме „шведско“ млеко од домашни крави! Знаеме што сакаме, а што не сакаме. И имаме право да се бориме против сите што ја оневозможуваат нашата интеграција во ЕУ.“
Бујрум. Борете се против Грчка. Таа стави вето, таа сака име да мењаме за да влеземе во еу и нато.
„Не сакаме изолирана и провинцијализирана Македонија! Сакаме држава во која ќе владее правото, а не самоволието на партиските деспоти. Сакаме држава во која граѓаните и граѓанките ќе можат слободно да избираат и да бидат избирани без страв дека ќе ги погоди куршум на гласачкото место. “
Јасно е дека не сакате Македонија. Вие би порадо Република Скопје.
Пукање на гласачки места. Нели тоа се прави од малцинството ни наше? Тоа е внатрешен проблем и нема врска со еу и нато. Не е дека ако влеземе во еу и нато малцинството наше ќе го снема или драстично ќе ја смени политиката и однесувањето.
Ај некои од нив земаат пари за ваквата пропаганда….. нив ги разбирам донекаде. Ама оние што ја прифааќаат за безпари.
Се борат за Македонија, ама за да смени име за да влезе во еу и нато. И тоа било најдобро за Македонија.
Најдобро за Македонија е да се вика Македонија. Најдобро за грчка е Македонија да смени име (нели за тоа и се борат).
Пази ова, граѓанската иницијатива за Европска Македонија се борела за Македонија.
Интересно.
Значи ја имема грчка која се бори против Македонија (сака да и смени име и индентитет на граѓаните на државата ни наша) и го имеме ова друштвово македонско кое се бори за Македонија со тоа што го има истиот став како и грчка (која се бори против Македонија), односно мењување на име и идентитет за експресно влегување на држава во ЕУ и НАТО.
Не звучи ова контрадикторно?
Како поѓаволите се борат за Македонија заземајќи ја грчката страна кога грците се борат против Македонија?
Tags: македонија, политика






Нема Одговор
Одговори на овој пост: