Вакцините на Бакстер

Нашата влада се одлучи да набави вакцини за свински грип од реномираната компанија Бакстер.

Интересно, оваа иста компанија пред пола година пушти материјал за вакцини (за сезонски грип) во 18 земји. Сосема случајно во Чешка лаборант откри дека материјалот за вакцини е контаминиран со жив вирус и тоа ниту повеќе-ниту помалку туку птичји грип. Ако не сте знаеле птичјиот грип има огромен процент на смрттност, или поточно 60 % од заразените умираат. Освен жив птичји грип во вакцините имало и жив сезонски грип. Ако малку истражите ќе дознаете дека птичјиот грип тешко се пренесува од човек на човек, додека за сезонскиот грип веќе знаете. Ако уште малку истражите ќе дознаете дека доколку во жив организам (на пример вакциниран човек) се најдат овие два живи вируси можно е тие да мутираат и да се создаде нов супер-вирус кој ќе ја има смрттноста на птичјиот грип (значи 60 % од заразените ќе умрат) и ќе ја има лесната преносливост од човек на човек како што е случајот со сезонскиот грип. (иако од Бакстер кажаа дека се случила грешка ако малку пребарате на интернет ќе дознаете дека во фармацевстките компании постојат повеќе зони а сигурност, и дека птичјиот грип се чува во сосема различна зона така да практично е невозможно по грешка да залутал во вакцините за сезонски грип).

Уште поинтересно е што оваа информација скоро воопшто и да не беше покриена од маинстрим медиумите како што се најпознатите и највлијателни CNN, BBC и слични.

Нема да типкам линкови зошто ме мрзи ама доколку сакате да ја проверите информацијава слободно одете во гугл и оттипкајте „baxter vaccine contaminated“ или „baxter vaccine scandal“. Приметете дека ниту една поголема новинарска агенција не ја објавила оваа вест. Чудно. А човек ќе си помисли дека ова е вест за на насловна.

Би ја замолил владата да ја тестираат вакцината што ќе ја купат од Бакстер зошто….. па ваљда знаат зошто.

Tags: , , , , ,

Нема Одговор

Одговори на овој пост:

Име *

Епошта *

URL