Бугарската пропаганда на македонска телевизија
Бугарската пропаганда стигна на македонска телевизија. Овопат спакувана како „Идол“. Секако дека нема на телевизија да пуштат апла очигледна про-бугарска кампања. Затоа ваква. Уште народот ја гледа, некои ми викаат „овие се цепки“. И тоа ова стартува во ударно време - преку викенд кога повеќето од народот е дома. Укчулувам телевизор, А1, и гледам бугарска програма. Притоа нашле бугарите некоја странкиња што пее и снимаат деректно дома кај неа. Татко и, макја и англичани ама затоа се слуша мотото „Штом го знаеш јазикот значи бугар си“. Хм, се замислувам. Гледам понатаму. Ова да ти бил бугарски маратон. Шоуво трае веќе саат и не престанува. Бугарите дојдоа во Македонија. Слушаат, коментираат. „Един народ - две држави“ се слуша од бугарските водители. Не ми се верува. Гледам понатаму. Жирито одбива макдеонци, ама непристрасно и без никаква заднинска намера одбираат само македонци кои завршуваат на „В“. Ако презимето ви е -ски тогаш немате никаква шанса. Гледам понатаму. „Македоците дојдоа во Софија“, наводно според коментарите таму им било поубаво. Веќе два саати ја следам бугарската пропаганда маскирана преку „Идол“ во Македонија. Почнувам да се нервирам. Менувам програма. Ми надоаѓаат црни мисли. Историјата не си ја познаваме. Крсте Петков Мисирков викаат бил македонец, ама викаат и дека бил бугар. Викаат дека се пишувал за македонските работи, ама некои викаат дека пишувал дека македонците се бугари-македонци. Наши историчари биле и ја потврдиле автентичноста на новопронајдени (не баш нови ама после осамостојувањето на Македонија) писма од Мисирков каде тој вика дека е бугар и македонците бугари. Не ја знам историјата. Кој е Мисирков? Дали со ново-откриените писма веќе се знае кој е? Хм. А1, залагањето на А1 и фондацијата за Мисирков, и сега последново „долгочасовна бугарска програма во која на неколку пати беше сугерирано дека македонците се бугари“ на А1. Дали е само случајност или има нешто повеќе. Почнува да ме боли глава. Не верувам во случајности. Ми доаѓа да викам. Македонијааааааааааааа….. разбуди сееееееееееееееееееееее!
Tags: а1, бугарија, историја, македонија, политика, пропаганда, телевизија






Нема Одговор
Одговори на овој пост: